Почетна Вера МПЦ-ОА МПЦ-ОА испиша историја во Ерусалим, голема чест за Епископот Партениј
МПЦ-ОА испиша историја во Ерусалим, голема чест за Епископот Партениј

МПЦ-ОА испиша историја во Ерусалим, голема чест за Епископот Партениј

885
1

МПЦ-Охридската Архиепископија исипшува историја во заедничкото сослужување со православниците цркви. Го понесе крстот на сеправославното единство во Ерусалим на Крстовден. На сеправославното празнување на Крстовден во Светиот град Ерусалим, епископот антаниски г. Партениј беше удостоен врз својата глава да го носи Чесниот Крст, што е првпат ваква чест да му се укаже на архиереј на МПЦ-ОА.

Божествената литургија за Крстовден ја служеше патријархот ерусалимски г. г. Теофил, кому му сослужува уште десетина архиереи, меѓу кои за прв пат и македонски архиереј, епископот антаниски г. Партениј.

– Првпат по векови, архиереј на нашата црква, најсветата Охридска Архиепископија, беше удостоен врз својата глава да го носи Чесниот Крст, испраќајќи четворен благослов од четиристраната Светиња за сите нејзини чеда, велат од Бигорски.

Оттаму додав дека заедно со светите архиереи, служеле и неколку десетици архимандрити, јеромонаси и свештеници од повеќе земји, а меѓу нив и бигорскиот архимандрит Доситеј и јеромонасите Кирил и Анатолиј и монахот Аверкиј.

– Торжеството започна со архиерејска и свештеничка литија од Ерусалимската Патријаршија, предводена од блаженејшиот патријарх г. г. Теофил, до Сесветиот Храм на Воскресението, каде што се служеше празничната Литургија. По завршетокот на Евхаристијата, следуваше свечена литија до местото каде што Светата Царица Елена го нашла Чесниот Крст, а оттаму на Голгота, па повторно во Храмот, нагласуваат од Бигорски.

На епископ г. Партениј, посочуваат, од патријархот и архиереите на Ерусалимската Патријаршија му беше укажана голема чест, со тоа што тој беше удостоен да го носи светото Животворно Дрво над својата глава.

Според нив, во полнотата на денешната сепразнична радост учествувале и повеќе верници од земјава, духовни чеда на најсветата Охридската Архиепископија.

– По завршувањето на торжественото богослужение, архиереите и свештенослужителите биле примени на свечен прием во Салата на Тронот од блаженејшиот патријарх г. г. Теофил, каде сите со радост си го честитале големиот празник. По повод денешното славје, како и во знак на повеќедецениското пријателство, митрополитот на Востра, г. Тимотеј, егзарх на Ерусалимската Патријаршија во Кипар, на нашиот Старец му подари скапоцена архијерејска енколпија, велат од Бигорски манастир.

Литургијата во живо ја пренесуваше Ерусалимската патријаршија на своите информативни канали.

Епископ Партениј, со дел од бигорското братство е во посета на Ерусалимската Патријаршија со благослов на архиепископот г. г. Стефан и на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Коментар(1)

  1. ПОчит6увани одлично сторено
    Предлагам најбрзо што може на сите православни објекти, цркви, манастири, камбанарии и .т.н. да се инсталираат најјаките, најмоќните звучници, микрофони, појачала, техниука се со цел таа муслиманска багра да се запре, никој не е должен таа багра да го тероризира македонското наивно население со нивните молитви преку екстремно јаки појачала, звучници, пет пати дневно нивна муслиманска молитва на најјако што може, ако некој сака муслиманска молитва нека седи дома и нека се ми=оли, а не да ги тероризира невините граѓани,деца, старци, болни и знемиштени,
    Се надевам ќе превземете акција за инсталирање на најсовремена и најјака техника
    Со Почит
    Ацо Стоилков

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *