Почетна На иста страна МПЦ-ОА и ИВЗ формираа Група на пријателство: Со заеднички напори ќе градат здраво општество
МПЦ-ОА и ИВЗ формираа Група на пријателство: Со заеднички напори ќе градат здраво општество

МПЦ-ОА и ИВЗ формираа Група на пријателство: Со заеднички напори ќе градат здраво општество

935
0

На иницијатива на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, денеска се формираше Група на пријателство помеѓу МПЦ-ОА и ИВЗ, како формална рамка која ќе понуди квалитетен простор во кој двете верски заедници може да продуцираат многу поголемо разбирање и меѓусебно запознавање и поттикнување заедничка грижа за јавното добро.

„Сакаме да овозможиме простор идните свештени лица да имаат контакти меѓу себе, со што во многу сегменти во општественото живеење ќе имаме квалитативни подобрувања и поместувања. Се работи за навистина значајна рамка којашто ќе ја развиваме во четири модули во следниот период и она што досега на различни нивоа сме го правеле, сега добива една поформална своја структура“, посочи директорот на Комисијата за односи со верски заедници Даријан Сотировски.

Тој појасни дека групата ќе функционира на ниво на тематски видувања, ќе разгледува различни прашања и притоа ќе користи странски компаративни искуства, пред сè, позитивни, но и негативни, во однос на постигнати поместувања и за ризици што не биле навреме предвидени.

„Имаме здрави односи помеѓу МПЦ и ИВЗ во моментов, на тоа се работело доста долго време и тоа треба да го искористиме во правилен момент да направиме чекор понатаму. Практично тоа би значело дека по секоја годишна група на пријателство, ние во еден период од една декада ќе имаме многу учесници коишто ги поминале групите на пријателство и соодветно во нивниот телефонски именик имаат контакти од верските службеници од другата страна. Тоа во многу наврати ќе се покаже како многу корисно и нужно во времиња на кризи, како овие денес кога се затвораат круговите и се сегрегира општеството по разни основи, особено политичка. Ние мора да градиме една авангарда која и во кризни времиња контактира меѓу себе и гради она што државата го препознава како едно општество, а луѓето го препознаваат како единствено здраво општество, општество во коешто сегреграцијата не постои или не постои во секоја пора. Да изградиме еден квалитет на општествено живеење“, ја појасни Сотировски целта на Групата за пријателство.

Групата ќе биде со симетричен број на припадници од двете страни и ќе одржува средби во четири модули коишто ќе бидат претходно тематски усогласени со претставниците од двете религиозни заедници.

Засега не се планира во работата на групата да бидат вклучени и надворешни експерти вон теолошката сфера.

На настанот со кој и формално започна со работа Групата на пријателство, присуствуваа и се обратија поглаварите архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан,  реис-ул-улема х. хфз. Шаќир ефенди Фетаи, како и деканите на Православниот богословски факултет, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и на Факултетот за исламски науки, проф. д-р Шабан Сулејмани.

/360 степени

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *