Почетна Политичка теологија МПЦ и ИВЗ добија добра тројка од граѓаните
МПЦ и ИВЗ добија добра тројка од граѓаните

МПЦ и ИВЗ добија добра тројка од граѓаните

221
0

Македонската Православна црква и Исламската вреска заедница добија здрава тројка како оценка за довербата што ја уживаат кај граѓаните. Последното истражување за Религијата и политичките кампањи, спроведено од Институтот за политички истражувања Скопје и интернет порталот „Религија.мк“, поддржано од фондацијата Конрад Аденауер, покажува дека верските институции уживаат висока доверба.

42,2% од анкетираните одговориле дека имаат доверба во МПЦ-ОА и ИВЗ, и дополнителни 22% дека имаат одреден степен на доверба. Додека пак негативниот дел го сочинуваат 19,6% кои немаат доверба и 14.5% кои донекаде немаат доверба. Сето тоа дава една средна оценка од 3,12 во скалата на доверба за МПЦ-ОА и ИВЗ.

Ова второ обемно истражување за перцепцијата на религијата и политиката прави анализа за многу теми кои беа актуелни за време на предизборните кампањи.

Токму присуството на политичарите во црквите и џамиите беше една од темите за анализа. На прашањето дали практикувањето на верата од политичарите јавно пред камери е позитивно, високи 60,2% одговориле дека тој потег на политичарите е негативен, бидејќи верата треба да остане приватен елемент, надвор од дневната политика.

Анкетата беше спроведена на репрезентативен примерок од 1100 испитаници, телефонски во првата половина на ноември 2017 година.

ЦЕЛОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ПОГЛЕДЕНЕТЕ ГО ОВДЕ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *