Почетна Вести МПЦ го одликува градоначалникот Коневски со Орден на Свети Климент
SPE_4537
SPE_4566
SPE_4556
SPE_4553
SPE_4552

МПЦ го одликува градоначалникот Коневски со Орден на Свети Климент

331
0

Македонската православна црква го одликува градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски со Орден на Свети Климент Охридски од III ред. Одлуката за одликување на Коневски ја донел Синодот на МПЦ-ОА, на последната синодска седница одржана на 30 март 2017 година.

Во образложението за одличието се наведени заслугите на Коневски за неговото залагање и придонес во изнаоѓањето решенија за потребите на Скопската православна епархија за изградба на потребни храмови на територијата на Општина Аеродром.

Орденот од III ред на Свети Климент Охридски му го врачил Архиепископот г.г. Стефан, во вторникот на 4 април во Архиепископијата во Скопје.

На свеченото доделување присуствувал и секретарот на Синодот на МПЦ-ОА, Епископот Хереклејски, г. Климент.

/Скопска епархија

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *