Почетна Вести МПЦ: Глисерот не е сопственост на Црквата
МПЦ: Глисерот не е сопственост на Црквата

МПЦ: Глисерот не е сопственост на Црквата

3.32K
2

Скопската епархија на МПЦ-ОА, ги демантира пишувањата на дел од медиумите дека за 180.000 илјади евра, купила луксузен глисер. Епархијата со која раководи Архиепископот, вели дека пловниот објект кој се наоѓа на пристаништето во Калишта на е сопственост на МПЦ, туку на фирмата „Сис Тревал Груп’, а МПЦ отстапила простор за чување на глисерот.

-Имено, очигледно е дека на информаторите единствена цел им е да нанесат штета на угледот и достоинството на Црквата, како и на личноста на Архиепископот. Но заради објективната јавност, ниту Скопската епархија ниту Калишкиот манастир немаат нарачано ниту, пак, платено каков било пловен објект. Во конкретниот случај, станува збор за пловен објект кој е сопственост на фирмата ,,Сис Травел Груп”, донесен на чување во манастирот Калишта, а од сопственикот на фирмата е дадена согласност и манастирот, по потреба, истиот да го користи.

Ги повикуваме медиумите што пишуваа на оваа тема, доколку поседуваат какви било докази спротивни на овој демант, веднаш да ги објават, а во спротивно, пак, јавно да се извинат за изнесените навреди и клевети. Ако истите не го сторат тоа во следниве три дена, против нив ќе поднесеме соодветни тужби, стои во демантот на епархијата.

Коментар(2)

  1. Dimitri Kumbaroski:
    За сите оние што го постираат демантот на МПЦ мислејќи дека така ја бранат Црквата. Факт е дека пишувањата се тенденциозни и имаат за цел да им наштетат на угледот и достоинството на Црквата, како и личноста на архиепископот Стефан. И тоа е за осуда. Но факт е и дека таквите пишувања не се без некакава основа. Читајте го внимателно демнатот: „…ниту Скопската епархија ниту Калишкиот манастир немаат нарачано ниту, пак, платено каков било пловен објект. Во конкретниот случај, станува збор за пловен објект кој е сопственост на фирмата ,,Сис Травел Груп”, донесен на чување во манастирот Калишта, а од сопственикот на фирмата е дадена согласност и манастирот, по потреба, истиот да го користи“. Значи не го купиле, но даден им е на чување и да го користат. Притоа во јавноста се појавија фотографии на кои се гледа како монахот што сам таму живее се расфрла на луксузниот глисер (да не бидам погрешно разбран, манастирот може да има потреба од пловен објект, но не разбирам каква е потребата од глисер чие палење и гасење кошта 200 евра). Се прашувам, што тоа сака да одбрани Скопската епархија со ваквиот демант? Разузданоста и хедонизмот во кој западнале епископите (без искучок, секој на свој начин), манастирите и голем дел од свештенството или навистина Црквата? Не ќе да е Црквата со сигурност, и тоа со живот можам да го гарантирам. Бидејќи Црквата што конкретно во манастирот се собира околу чудотворната икона на Богородица и околу отецот Стефан (без никакви пресметки, уцени и задни намери – со единствена цел да го слави името на Бога, и тоа на сите име е јасно) и заради која манастирот дише, нема никаква врска со ова. Какво фајде видела Црквата од тој луксузен глисер? Никакво! И фала му на Бога што е така. Но додека некој се труди да ја подига Црквата и да го одржи континуитетот на ова светилиште како такво, други со години наназад уво ги боли за тоа. Надлежните на чело со архиепископот одбиваат да дознаат за потребите на Црквата. На пример дека нема греење во храмот на зима и дека луѓето здравјето го губат заради тоа, но и многу други за кои доколку почнеме да пишеме, романи ќе треба да составиме). И не само тоа, се оди и чекор нанапред така што се носат мешетари во мантии со намера да се растура ткивото на Црквата, да се дели, да се прави раскол. Конаците стануваат дувло на разбојници наместо места за молитва. Манастирот се претвара во туристички објект или подобро речено фабрика за пари и во тие намери ништо не им е свето. Колку не им е до Црквата и манастирот говори и фактот што во последниве години дури, архиепископот не доаѓа во манастирот туку навраќа а се сместува луксузниот Изгрев. Свештениците од својата епархија не ги носи на одмор во манастирот, туку во луксузаниот хотел Изгрев. Интересно е колку што тие се трудат да растураат толку Бог ја подига Црквата. Но да не се кријат зад Црквата кога ќе им заџежи под нозете. Кој како сака нека го разбере ова. Пишувам најдобронамерно. Коректно е да не се правиме будали при здрав разум. Хедонизмот на епископите, манастирите и дел од свештенството ништо не може да ги оправда. Дури би било пожелно истите да и се извинат на Црквата за тоа и да свртат лист. Нема ништо страшно во тоа да се извинат. Јас сфаќам дека епископот има потреба од кола, телефон, брод или слично, но не разбирам зошто тоа мора да е најскапото, па макар и на подарок да му е дадено. Каква врска има тоа со Црвата? Зашто проблемот не е во тоа што некој ги критикува што зеле незнам си колку за што или купиле не знам си што. Народот не знае и кога не знае логично е да се праша. Но проблемот е во тоа што не го научиле народот и не му дале повод, не создале таква клима да изгради однос кон свештеникот што ќе посака доброволно да го награди за трудот како што некогаш впрочем било. Некогаш најубавото му припаѓало на свештеникот, зашто народот имал потреба тоа да му го даде. Сериозно да се запраша МПЦ за духовната клима, особено меѓу младите, зашто од светот не може да се очекува ништо друго освен Црквата да биде распнувана. А дали станува збор за распнување доколку критиката е зарад луксуз, комфор и хедонизам?

Напиши одговор на ViktorStevich Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *