Почетна Вести МПЦ формира солидарен фонд, црковната кујна во Ѓорче ќе готви и за настраданите во поплавите
МПЦ формира солидарен фонд, црковната кујна во Ѓорче ќе готви и за настраданите во поплавите

МПЦ формира солидарен фонд, црковната кујна во Ѓорче ќе готви и за настраданите во поплавите

792
2

Македонската православна црква формирала солидарен фонд за поплавените подрачја, во кој со свои финансии ќе учествува целиот клир на Црквата, храмовите и манастирите како и сите епархиски центри. Сите собрани средства ќе бидат соодветно распределени на настраданите во полавите.

poplavi 2Оваа одлука МОЦ-ОА ја донела на денешниот координативен состанок на кој бил разгледан и извештајот од досегашните активности на МПЦ-ОА на терен преку дистрибуција на храна, хигиенски средства, облека и друг вид помош.

-Беше заклучено дека состојбата бара уште многу вложување на труд, сили и финансиски средства, особено во втората фаза од справувањето со последиците од невремето, стои во соопштението на МПЦ.

МПЦ-ОА одлучила и црковната кујна при храмот „Свети апостоли Петар и Павле” во Ѓорче Петров, покрај секојдневното подготвување на оброци за сиромашните и социјално ранливите категории, да подготвува и оброци за настраданите, кои ќе бидат дистрибуирани во текот на денот.

МПЦ-ОА ги повикува граѓаните и компаниите, согласно можностите, да донираат продукти за готвење во црковната кујна при храмот „Свети апостоли Петар и Павле” во Ѓорче Петров, стои во соопштението на МПЦ-ОА.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(2)

  1. MPC ja ima humanitarnata organizacija Milosrdie, koja dobiva mnogu pomos od sekade vo svetot. Namesto da ja rasprodava i da nekoj da profitira od nea, istata neka ja donira za narodot, vprocem taa i za toa e donirana.

    1. Tocno taka, IVZ svojata donacija ja napravi preku HILAL. MILOSRDIE do sega nema nikade nisto donirano. Kade zavrsuvaat kamionite so pomos sto gi dobiva?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *