Почетна Вести МПЦ апелира за помош на настраданите во поплавите
МПЦ апелира за помош на настраданите во поплавите

МПЦ апелира за помош на настраданите во поплавите

335
0

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, длабоко сочувствува со населението од населбите во Скопскиот регион, како и од другите населени места низ државата, кое настрада во невремето што го зафати главниот град, како и делови од Р. Македонија.

mpc grb 2Го молиме Семилостивиот Бог да ги прости душите на оние што ги загубија своите животи во оваа незапаметена временска непогода, стои во соопштението на МПЦ.

МПЦ апелира до сите православни верници, но и сите луѓе со добра намера – да го покажат своето христијанско милосрдие и хуманост и да помогнат на настраданите, без разлика на националноста и верската припадност.

Во градските храмови на Скопската православна епархија, во вторник, по празничната Литургија, ќе бидат отслужени парастоси за сите загинати православни христијани во овој трагичен настан.

Свештената историја на Православието ни сведочи дека при вакви несреќни собитија и околности, православните христијани се оддавале на пост и покајание, за да измолат од Бога милост и одминување на искушенијата. Затоа, наоѓајќи се на самиот почеток од чесниот Богородичен пост (кој почнува на 14 и трае до 28 август), ги повикуваме сите православни христијани на сенароден пост и покајание, пишува во соопштението на МПЦ.

Во претстојниот период, Македонската православна црква – Охридска Архиепископија ќе испрати и соодветна хуманитарна помош за настраданото население.

 

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *