Голема е можноста утре на опоелото на бугарскиот патријарх Неофит да присуствува и Киевскиот митрополит Епифаниј, поглавар на автокефалната Православна црква на Украина. Оваа вест вечерва ја соопшти Митрополитот на Варна, Јован, во телевизиско интревју за БНТ.
Во гостувањето на Панорама, кај Бојко Василев, Митрополитот Јован одговарајќи на прашањето дали утре е можно да случи геостратешка кавга во период на виорот на војната, изјави дека тоа е многу специфично прашање, но дека тие секогаш ги преценувале во основата на се нивните меѓуцрковни односи.
-Црквата е одделена од државата и во тие односи црква-држава, црквата повеќе молчи. Се разбира дека границиата е многу тенка. И јас лично сум загрижен. Затоа што денес стана прашањето за Руската црква, таа е дел од Телото Христово. Московскиот патријарх Кирил е патријарх со равно достоинство меѓу сите патријарси. Ќе има претставници на Московската патријаршија. Тоа е Корсунскиот Митрополит Нестор. Се разбита има една деликатна ситуација. Ќе има можност да присуствува човек, по чиј статус ние не сме се произнесле. И тоа е човекот кој ја претставува Православната црква во Украина, МИтрополитот Епифаниј, кој не е поканет од нас, но разбрав дека ќе присуствува. И ако тој земе учество во опелото, тоа може да збуни многу луѓе, изјави владиката Јован, посочувајќи дека е потребна благоразумност.
-Секој е добредојден. Но кога станува збор за канонскиот статус и кога дадената Црква не се произнесла, трба да се биде внимателен, изјави бугарскиот владика.
Опелото на починатиот патријарх ќе го отслужи Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

