Почетна Вести Може ли да пропадне Вселенскиот собор? Антиохискиот патријарх откажа учество
Може ли да пропадне Вселенскиот собор? Антиохискиот патријарх откажа учество

Може ли да пропадне Вселенскиот собор? Антиохискиот патријарх откажа учество

585
0

Вселенскиот патријарх Вартоломеј итно го повикал Антиохискиот патријарх Јован во Фанар за да разговараат за спорната јуриздикција во Катар.

Два месеца пред Вселенскиот собор на Крит, Антиохискиот патријарх му соопштил на Вартоломеј дека нема да учествува на Соборот, ако не се најде решение за неговиот спор со Ерусалимската патријаршија за Катар.

Teofil erusalimИако Антиохиската патријаршија во писмото до Вартоломеј, го известува дека одредила своите претставници за Соборот, сепак ја остава отворена можноста таа делегација и да не пристигне на Крит и така Патријаршијата од Антиохија целосно да го бојкотира најавениот Собор.

Место одговор, Вартоломеј му испратил покана в среда да допатува во Истанбул  за да се разговара за проблемот.

Инаку, иако се очекуваше поместување на позициите во насока на решение на овој проблем меѓу двете цркви со посредништво на Кипарскиот Архиепископ Хризостом, сепак најавуваната средба меѓу Патријарсите на Ерусалим и Антиохија, завчера не се случи на Кипар.

antiohiskiНа островот допатувал само Ерусалимскиот Патријарх Теофил, а наместо Патријархот Јован дошол претставник на Антиохиската Патријаршија.

Во Кипар не допатувал ниту Александрискиот Патријарх, кој требаше да помогне во решение на спорот, туку испратил свој претставник.

Во протокларното соопштение на Кипарската архиепископија стои дека делегациите разговарале за состојбите на христијанството на Блискиот исток, потенцирајќи дека имало успех во дискусиите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *