Почетна Вера Моштите на Гаврил Лесновски прогласени за свети
Моштите на Гаврил Лесновски прогласени за свети

Моштите на Гаврил Лесновски прогласени за свети

1.22K
0

Гаврил Лесновски, епископот Велички од денеска е впишан во списокот на светиите на МПЦ-ОА, а неговите свети мошти се изложени во Соборниот храм Свети Никола во Штип.
Со литургијата на која  беше извршено и прогласувањето на светецот чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во сослужение на членовите од САС на МПЦ-ОА.

Ова е четврто во низата прогласувања на светци, што МПЦ го прави во својата понова историја. Пред еден месец во манастирот Свети Јован Претеча во демирхисарското село Слепче, за светец беше канонизиран Св. Кипријан Слепченски.

Пред четири години МПЦ ги прогласи, за светци Евнувиј, Пајсиј и Аверакиј, под заеднички натпис „Пречистански преподобномаченици“ во манастирот „Света Пречиста Богородица“ во близина на Кичево. Потоа, во Битола беа прогласени за светци 40-те битолски преподобномаченици, убиени од османлиите кога ја зазеле Битола.

Со ова, брегалничка епархија вчера во Соборниот храм го почна чествувањето по повод 50 години од возобновувањето на Охридската архиепископија како Македонска православна црква и впишувањето на епископот велички Гаврил Светогорец во списокот на светиите.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев присуствуваше на канонизација на епископ Гаврил Велички Светогорец.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *