Почетна Вести Монасите од Бигорски: Бог да им вдахне родољубие на политичарите
Монасите од Бигорски: Бог да им вдахне родољубие на политичарите

Монасите од Бигорски: Бог да им вдахне родољубие на политичарите

775
0

Монасите од Бигорската Обител испратија честитка за денот на македонската независност посакувајќи „Бог да ја сочува Татковината вечна и да им вдахне родољубие на сите политичари!“

Во продолжение целостниот текст од честитката за 8-ми Септември

Она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа. Колку еден народ има поразвиено самосознание, толку повеќе тој ја цени слободата.
Ив. С.

8ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.

Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста!

Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци!

Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари!

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *