Почетна Вера Монаси, монахињи и верници искачија 2300 метри за литургија
b-16
b-15
b-14
b-12a
b-10b
b-10a
b-10
b-8
b-7
b-6
b-4
b-3
b-1

Монаси, монахињи и верници искачија 2300 метри за литургија

1.43K
0

Голем број верници, заедно со дел од монашкото братство и сестринство од Бигорската Обител и годинава се искачија на врвот Крчин за да отслужат и присуствуваат на величествената литургија на надморска височина од 2341 метар.

Бигорската Обител минатат година ја возобнови традицијата за Преображение Христово да се служи литургија на местото каде некогаш имало храм посветен на Преображението Господово, а денес стојат само остатоци од него.

На врвот Крчин, лани, првпат по 80 години, беше отслужена литургија во чест на Господовото Преображение.

– Но за разлика од минатата година, овој пат ни  се придружија многу повеќе љубители на преображенската благодат и на природните Божји убавини. Божествените и природните височини се чудесен спој на радост, мир, љубов и преобразување, посочуваат од бигорската обител.

Тие се надеваат дека овој убав потфат ќе остане како традиција, со што поголем број учесници секоја година.

Врвот Голем Крчин е највисокиот врв на планината Крчин во дебарскиот крај на западна Македонија. Крчин се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *