Почетна Вести Христијанство Монашкиот хор на Бигорски пееше на Богосложба со митрополит на Ерусалимската Патријаршија и со епископ на ГПЦ
Монашкиот хор на Бигорски пееше на Богосложба со митрополит на Ерусалимската Патријаршија и со епископ на ГПЦ

Монашкиот хор на Бигорски пееше на Богосложба со митрополит на Ерусалимската Патријаршија и со епископ на ГПЦ

333
0

Уште еден значаен ден за монашскиот хор на Бигорската Обител, по настапот на меѓународниот фестивал за византскио пеење во Атина.

Хорот на Свештената Бигорска Обител пееше за време на вечерна богослужба што ја водел Митрополит на Ерусалимската Патријаршија во храмот посветен на Мајката Божја во Атина, а утрово пак монасите од Бигорски пееле на утринската литургија во храмот Свети Пантелејмон во Атина, најголемата црква каде служи Атинскиот Архиепископ. Утрово на Богослужбата бил неговиот Викар, Епсикопот Ореонски Филотеј.

Учеството во литургиите преку хорот, кој е составен од монаси на Бугорската Обител на две Богослужби со владици на две православни цркви е големо признание за реалноста на МПЦ-ОА и голем чекор во градењето добри односи со Грчката Православна црква.

Од Бигорски велат дека на вечерната богослужба во прекрасниот храм на Мајката Божја, посветен на нејзиниот Живоносен Источник, монасите пееле на црковнословенски јазик.

Браќата пееја на црковнословенски јазик на левата храмова певница, антифоно со грчката десна певница, предводена од многу познатиот протопсалт и учител г. Спирос Павлакис. На Вечерната претстоеше Митрополитот г. Аристовул од Ерусалимската Патријаршија, сопрестолно спроти него стоеше нашиот Старец и Епископ г. Партениј, а сиот амбиент беше во духот на почетните зборови на денешната прва воскресна стихира на 7-ми глас: „Дојдете да се зарадуваме во Господа“, велат од Бигорски.

На крајот од вечерната, организаторот на Фестивалот, Илијас Редијадис Тумбас, повторно му се заблагодарилЕпископот г. Партениј и на братството, истакнувајќи го неговиот придонес за обновата и развојот на византиското пеење.

-Исто така, тој го награди со почесен медал протопсалтот г. Спирос Павлакис, кој од своја страна одржа трогателен говор и со восхит го пофали пеењето на нашите браќа. На крајот говореше и старешината на храмот, протопрезвитерот отец Илија, кој забележа дека пеењето на двата хора беше толку хармонично и складно, што се чини како да учеле од иста школа и како да црпеле од истиот духовен извор, велат од Бигорски.

Утроцо на литургијата во Свети Пантелејмон, викарот на Атинскиот Архиепископ Епископот Филотеј изразил голема благодарност до Епископот Партениј и воедно силно го пофали пеењето на хорот на Братството на Бигорскиот Манастир

Погледнете ја денешната литургија на овој ЛИНК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *