Монах на СПЦ го спори потеклото на Македонците

Date:

Share post:

Арсениј, монахот на СПЦ и игумен на манастирот Рибница, кај Мионица, непосредно до Ваљево го спори потеклото на Македонците. Речиси во секоја беседа ги споменува православните народи на Балканот, како Срби, Грци, Бугари, Романци, па и православни Албаниц, но не и Македонци. Во една од последните беседи пак отиде и понатаму, споменувајќи ги Македонците, но спорејќи го нивното потекло.

Арсениј зборува за домашните слави, карактеризирајќи го тоа како единствена традиција на православните Срби на Балканот, потенцирајќи дека тој обичај го има  и кај Македонците, што пак било тема за тоа кои се и што се тие.

-Полека завршуваат земјоделските работи. Доаѓа зимата. Сега почнуваат славите, посети, ручеци, радости… Ние сме веројатно единствен народ православен во светот кој има домашни слави.. имаат и Македонците, но тоа сега е веќе друга тема за себе.. тоа зборува од каде се и што се…, изјавил Арсениј.

Инаку овој монах на СПЦ е познат по своите јавни настапи на социјалните мрежи.

1 COMMENT

  1. Кој што посеал тоа ќе си жнее. Ако еден монах нема што да каже за духовниот живот (а очигледно е дека гореспоменатиот нема, штом неговата порака е на работ на незнабожечкиот однос кон празнувањето на животот со јадење, пиење, дружење итн.), најмалку релевантно е што мисли за Македонците. Оној кој за себе и за своето стадо не може да се погрижи, оној кој над своето и благобитие и над,благобитието на своето стадо не може да бдее, кај може да ги собере во своето срце останатите! Големо е духовното богатство на македонските црковни пастири – не е монахот опседнат со идејата да се полнат трпези во чест на светителите, туку да се поттикнат луѓето кон очистување на своите срца, и кон преумножување на благодатта за да станеме сите богоносци, а не добро најадени и напиени пријатели кои не знаат ни зошто готват ни зошто јадат ни што пијат. Гостољубието е комплексен подвиг, неговата мистична страна е достапна само за големите духовни атлети, за сите други е лов во матно, каде пленот лесно може да го рани ловецот. Така што, поучете се добро од монахот Арсениј, драги македоснки празникољупци, со што не е целисходномда се самоидентификувате: има многу начини да се оствари личносен однос со Господ, со Пресвета Богородица и со Светите Божји угодници и сите тие начини се поврзани со многу помал телесен труд (од празнувањето со славска трпеза) и материјален влог, а носат многу побезбеден и поавтентичен и потраен духовен плод од трпезните семејни слави во кои често се губи и суштината на празнувањето како духовно вдахновен и насочен чин. Човековиот подвиг на пост, молитва, воздржание и бдеење над самиот себеси со безусловна љубов кон Бог и кон ближниот е бесценет и неприкосновен пат до влезот на човековата лична слава како икона на Живиот Бог во Божествената сеопфатна и сепроземачка Светлина на себепознанието и богопознанието кон вградување во единствената, грандиозна и бесконечна вековечност во Царството Божјо. Човековиот обид да го повтори подвигот на Христос и на Светителите не го исклучува гостољубието како такво, но најпрво се грижи за чистотата на срцето и за напредокот во богопознанието, а дури откако ќе стекне познание за мистичните квалитети на сите материјални, и телесни својства на тварите и поединците вклучени во комплексниот чин на славската трпеза, би можел да се осмели да ја практикува како свој принос кон свештениодејствениот вознес на денот. Сепак голем е прашалникот колку неговата лично доживеана духовна радост ќе значи и радост за сето Создание нему принесено на дар од Рацете Божји цо тој миг и во деновите коишто човекот ја својата домашна трпеза се осмелил да ги закваси како самоповикан соработник Божји.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...