Почетна Вести Христијанство МОН: Слободата на верско организирање е загарантирана, но начелото на секуларност треба да се почитува во училиштата
МОН: Слободата на верско организирање е загарантирана, но начелото на секуларност треба да се почитува во училиштата

МОН: Слободата на верско организирање е загарантирана, но начелото на секуларност треба да се почитува во училиштата

87
0

Министерството за образование и наука реагира во врска со случувањата на 06.01.2018 година, кога групи деца учествуваа во верски манифестации во повеќе градови низ Република Македонија. МОН известува дека станува збор за период кога учениците се на зимски распуст, кога нивните родители, односно старатели го организираат користењето на слободното време и активностите на нивните деца.

-Воедно Ве информираме дека од Министерството за образование и наука не била побарана, ниту Министерството дало согласност за превземање на било какви активности во училиштата за подготовка или организирање на учениците за учество во овие манфестации, во текот на првото полугодие од оваа учебна година. Во оваа прилика укажуваме дека на граѓаните на Република Македонија им се гаранитира правото на здружување и слободата на вероисповеста, односно слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата, но во Законот за основното образование во членот 11 е наведено дека „во основното училиште се забранува политичко и верско организирање и дејствување“. Воедно, наставниците во спроведувањето на наставата по сите задолжителни или изборни предмети, се должни да ја следат програмата која е утврдена од страна на Министерството, стои во соопштението.

Заради расчистување на било какво сомневање околу прекршување на законските одредби од областа на образованието, Министерството за образование и наука најавува дека ќе побара од Државниот просветен инспекорат да ги испита сите индиции за евентуално верско организирање и дејствување во училиштата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *