Почетна Коментар Молкот на СПЦ оди во прилог на МПЦ-ОА
Молкот на СПЦ оди во прилог на МПЦ-ОА

Молкот на СПЦ оди во прилог на МПЦ-ОА

650
3

Новата и засилена државна поддршка за решавање на македонското црковно прашање пред Вселенската патријаршија преку испраќањето на уште еден сет на писма од страна на претседателот Пендаровски и премиерот Заев отворија доста полемики во медиумската сфера кои се движат во главно околу тоа дека македонската автокефалија овој пат навистина е на повидок.

Причината е јасна. Како никогаш македонското црковно прашање се третира со една конзистентност и координација односно како уште еден надворешно политички проблем кој владата предводена од СДСМ го решава, по примерот со договорот за добрососедство со Бугарија и Преспанскиот договор.

Пред скоро две и пол години слично како и украинскиот претседател Порошенко македонскиот премиер Заев тогаш за прв пат се обрати до ВП барајќи решение на црковниот проблем во Македонија. Како и ова последново писмо од септември 2020 така и тогаш државниот врв бараше инволвираност од страна на ВП и некој вид на решение на проблемот, а не експлицитно црковно признавање на самостојноста на МПЦ односно доделување автокефалност.

За разлика од македонскиот државен врв украинските власти имаа разработено точни насоки и јасни аргументи кои одеа во прилог на украинската автокефалност кои му ги испорачаа на ВП. Бараа да се укине одлуката од 1686 година со која беше направен времен пренос на ингеренциите од Цариград во Москва во однос на Киевската митрополија, бараа да се организира обединувачки собор на разединетите цркви со која ќе се формира нова црква и конечно нејзино доделување на автокефалија. Вселенскиот патријарх во 2018 го решаваше прашањето следејќи ги овие чекори.

Срамежливиот и порезервиран пристап на македонските власти од она што јавно е достапно може да се смета за доблест но исто така отвара простор и за меѓу-решенија кои можеби нема да одат целосно во прилог на стремежите за автокефална црква. Имено и самата Вселенска патријаршија пред само неколку дена информираше дека не размислува за доделување на автокефалија туку работи на начин МПЦ да се врати во црковно единство.

Од последните реакции на ВП јасно се гледа дека СПЦ реши да го игнорира повикот на ВП во јануари 2020 за медијаторство од страна на Вселенскиот патријарх кој беше соопштен на средбата со Оливер Спасовски и Зоран Заев во Истанбул. Токму тука треба да се гледаат и напорите на македонските власти да го заживеат процесот, односно истиот да продолжи по динамиката зацртана во јануари 2020 и да не се остави да изумре бидејќи беа вложени големи напори како на домашен така и надворешен план со цел ова прашање наместо во Белград да се разгледува во Фанар.

Следните чекори од страна на СПЦ ќе да бидат одлучувачки и може да го исцртаат евентуалното решение со МПЦ. Игнорирањето на ВП во редовите на СПЦ додава дополнителни аргументи кај македонската страна дека решението преку СПЦ е тешко изводливо. МПЦ освен очигледната државна поддршка, флексибилност околу форматот на решението, оди и чекор понатаму со прифаќањето на Охридска Архиепископија како нејзин нов назив со што би се ублажиле реакциите кај грчките цркви.

Пишува: Андреја Богдановски (докторанд на Универзитетот во Бакингем, Велика Британија каде истражува и работи на црковна политика во Православната Црква)

Коментар(3)

  1. Постојат 2 типа на луѓе:
    Едни активни, кои дејствуваат , работат , создаваат услови и таму кај што нема, и други пасивни набљудувачи кои едвам чекаат нешто да се случи и да ја покажат својата “ пасивна активност”;

    Овој коментар случајно го пишувам под овој текст, иако можеше да се најде под бил кој од написите што излегоа последните денови на овој сајт;
    Само коментари , од сопствен аспект, работи кои веќе сите ги знаеме, а никаде интервју или слично од или со главните протагонисти и двигатели на настаните!

    Па Боже мој, што пишувате луѓе?!

    Ако не сум разбрана да дообјаснам: кој е ефектот или подобро речено импактот од вашите писанија на развој на настаните?!
    Ќе ви одговорам , импакт=0!
    *
    Марјан што се стори , саде аналитичари и експерти во последниве написи!?
    Ако ме разбираш што сакам да кажам.

  2. Марјан, постот го имам пратено на денот кога е објавен текстот , 07.10.
    Денес е 13.10.
    6 дена поминато од објавување на текстот, време доволно сите што го посетуваат овој сајт да го прочитаат објавенит текст од авторот; сега кога веќе никој или многу малку го отвораат текстот, го објавуваш мојот пост за да не биде прочитан , а ти да оставиш впечаток дека се објавуваш;

  3. Иначе…дечково овака прилегат ми изгледа, симпатичен и чесен;
    Нема лоша душа , се гледа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *