Почетна Вести Христијанство Мојановски: Секогаш важело правилото “епархиите од една држава да имаат своја црква“
Мојановски: Секогаш важело правилото “епархиите од една држава да имаат своја црква“

Мојановски: Секогаш важело правилото “епархиите од една држава да имаат своја црква“

137
0

Канонскиот поредок низ историјата за создавањето нови помесни православни цркви бил јасен и секогаш одел преку Вселенската Патријаршија, која го издавала Томосот, вели професорот Цане Мојановски во интервју за црногорското радио Антена М, најстарата информативна независна радио станица во Црна Гора.

Мојановски во интервјуто потсетува дека токму и поради новонастанатите политички прилики на Балканот по Првата Светска Војна, Вселенската Патријаршија го издала Томосот за припојување на епархиите од Македонија и Црна Гора кон новата црква на Кралството СХС.

-Томосот за кој зборувате ја верификува таа состојба. Црквата која го организирала црковниот живот на тоа подрачје ја известила Вселенската Патријаршија за новата состојба, а таа ги информира останатите цркви дека е создадена нова помесна црква. Таков е редот во историјата, со одредени специфичности, функционира кај поедини цркви. Последните децении сме сведоци дека не се почитува воспоставениот поредок за „политички ограничените епархии да формираат нова Црква“. И црквите кои во новите политички прилики добиваат улога на Мајка-Црква, наместо да го одработат статусот на новонастанатите цркви и за тоа да го известат Вселенскиот Патријарх, продолжуваат да организираат верски живот и во новите, независни држави, повикувајќи се на „канонска јуриздикција“. Тоа се случувваше во епархиите кои беа во поранешните федерации: Советскитот Сојуз и Југославија. Се чини дека кога се работи за принципи, постои поголема подготвеност да се повикува на нив, а мала да тие да се почитуваат и орименуваат, вели професорот Мојановски во интервјуто за Антена М.

Линк до целото интервју ПРОЧИТАЈТЕ ОВДЕ:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *