Почетна Интервју Мојановски: Ако има мешање на политиката, заслужува осуда

Мојановски: Ако има мешање на политиката, заслужува осуда

45
0

Kомисијата за односи со верските заедници уште претходно го има утврдено како проблем тоа што регистрацијата и водењето на регистарот на верските заедници во земјава е во државен орган, кој на еден или друг начин претставува политичка инсталација. Со победата на една политичка партија или коалиција, таа ги менува кадрите и во КОВЗРГ и така се создаваат претпоставки владејачките структури да влијаат врз верските заедници, вели професорот Цане Мојановски.

-Како резултат на дебатата во Меѓуверскиот совет и помошта од странските експерти, беше проценето дека, бидејќи судот е единствениот независен државен орган и кој носи пресуди или одлуки во однос на оспорените страни, регистарот треба да го води судот и така верските заедници ќе бидат ослободени од можноста за каков било политички инженеринг, посебно во делот на обезбедувањето на нивната правна положба, објаснува тој.

Како што изјави, законските решенија се останати уште од носењето на законот и ова е првпат суд да донесе некаква одлука во врска со положбата на одредена верска заедница. Судот нема никакви други права освен водењето и промените во регистарот и е должен да постапи кога верската заедница ќе го информира за тоа, посебно оние верски заедници каде што вршењето на функцијата е врзано со одреден временски период, објаснува тој и додава дека од слушнатите изјави јавноста не може да ги има целосните информации.

-Имам впечаток дека во рамките на изборната кампања ова стана погодна почва за расчистување одредени политички интереси. Ако добиеме пошироки сознанија како јавност и ако утврдиме дека станува збор за грубо мешање на државните органи во автономијата на верските заедници, тогаш таквата постапка заслужува осуда и значи непочитување на законската положба, рече професорот Мојановски.

Тој нагласи дека кога зборуваме за секуларизмот, треба да имаме пред вид дека станува збор за воспоставени односи меѓу верските заедници и државата во кои секоја страна има своја сфера која сама ја регулира.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *