Почетна Коментар Мнозинска православна држава без автокефална црква е како привремена држава
Мнозинска православна држава без автокефална црква е како привремена држава

Мнозинска православна држава без автокефална црква е како привремена држава

262
0

Оваа седмица рускиот министер за надворешни работи повторно ги разигра политичките сеништа над Македонија и Балканот.

Имавме прилика да ја слушнеме  неговата изјава од 22. февруари дадена во Белград каде во присуство на високи државни и црковни претставници ја обвини МПЦ – ОА за политички игри.

Лавров изјави дека Руската и Српската црква во духот на православието ќе ги надминат проблемите со кои се соочуваат.

Оваа изјава е особено навредлива за нас православните во Македонија бидејќи од неа произлегува дека ние не сме православни само затоа што ја отфрламе јурисдикцијата на Српската црква, а ја признавме БПЦ за црква од која бараме да го претстави нашиот автокефален статус пред другите православни цркви и како Црква – мајка да сослужува со нас.

За да работите станат појасни ќе потсетам дека подолго време Македонија има две отворени прашања. И двете ја засегаат нејзината државност.

Тоа се името на државата и канонскиот статус на Црквата. Внимавајте, држава со привремено име е привремена држава. Истовремено, државноста на православните народи секогаш се врзува со нивната црковна автокефалија.

Оттука, мнозинска православна држава без автокефална црква е исто така привремена држава.

Затоа е важно овие две прашања да се решаваат паралелно. На Москва и на Белград тоа им е особено јасно и затоа нападите се токму на тие два фронта. Да не заборавиме дека Србија отсекогаш била руското милениче на Балканот преку кого Москва ги остварувала своите интереси.

Пишува проф. д-р Драган Зајковски, Институт за национална историја, Скопје

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *