Почетна Анализа Многу теми во Македонија ја отвораат дилемата за капацитетот и нивото на секуларноста на државата
Многу теми во Македонија ја отвораат  дилемата за капацитетот и нивото на секуларноста на државата

Многу теми во Македонија ја отвораат дилемата за капацитетот и нивото на секуларноста на државата

79
0

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„ ги поддржува сите иницијативи за мултидисциплинарен карактер во научната дебата и мисла, овој пат преку заеднички пристап на политолошките науки, правните науки и теологијата. Преку ваквиот тип на научни собири се прави обид за спој на реалниот и духовниот свет со цел да се одговори на бројни прашања со кои се среќаваме секој ден.

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„ и јас како нејзин Ректор ги поттикнуваме и поддржуваме сите еснафски здружувања и организации кои имаат за цел да ја развијат научната мисла и научно истражувачката работа.

Токму Светите браќа Кирил и Методиј чие име го носи нашиот Универзитет имале својата верска и политичка мисија, од тука сосема оправдано денес сме тука да се отворат повеќе прашања кои произлегуваат од спојот на овие две области, а кои се упатени една на друга.

Наше големо заедничко богаство како Универзитет е придружното членство на Православниот Богословски факултет во рамки на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„.

Maкедонското политолошко друштво е едно на поголемите еснафски научни друштва каде партиципираат поголем од лицата кои дипломирале, магистрирале или докторирале на политички науки  во земјата,  и кое  настојува да даде придонес за афирмацијата и унапредувањето на професионалниот, општествениот и стручно-образовниот статус на политолозите во Република Македонија.

Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„ го подржува и помага нивниот развој и дејност како и придонес во политолошката наука и теорија, истражувања, апликативна и практична дејност во промените и прогресот на македонското општество и неговото поврзување со регионот и светот, посебно во процесот на евро-атлантски интеграции.

УКИМ и Македонското политолошко друштво заеднички во иднина ќе работат на унапредувањето на квалитетот на политолошките студии во високото образование, на развојот на политолошкиот подмладок, на унапредување на научно-истражувачката работа, проекти и на развојно-применети нацрти во областа на политичките науки и нивната мултидисциплинарност како што тоа го правиме денес. Едновремено, ќе се настојува на ангажирање на политолозите во Република Македонија за истражувачка работа и научна обработка на феномените на политичката практика и развој на демократскиот политички поредок, политичка култура, човекови права и граѓански слободи, етика на јавниот збор и изразување во земјата и меѓу граѓанството. Посебно внимание ќе се посвети на развојот на слободната, одговорна, самостојна и критичка политолошка мисла и текст.

Република Македонија уставно е декларирана како секуларна  држава, но во исто време, пет верски заедници и цркви се нотирани како институции, кои на еден или друг начин, се поврзани со историскиот контекст на државата.

Во Република Македонија честопати во пракса во голем дел од настаните и процесите лесно може да се препознае блиската врска на религијата и политиката. Влијанието на религијата во политичките процеси е јасно препознатлива, а од друга страна исто така и влијанието на политиката во религиските процеси.

Мултиетничкиот етничкиот и мултиконфесионалниот карактер на Република Македонија по кој се препознаваме  претставува наш влог во европското семејство на демократии.

Треба да ја погледнеме историјата на балканските народи, историјата на блискоисточните народи и ќе видиме дека тие верски разлики кога ќе постанат политичка основа, тие добиваат многу тажен епилог, односно епилог кој што е испреплетен со насилство, неразбирање итн…

Многу теми во Македонија ја отвораат  дилемата за капацитетот и нивото на секуларноста на државата, а од друга страна и за капацитетот и способноста на верските институции да работат на подобрување на социјалните елементи во општеството. Токму затоа очекувам за време на денешната дебата да се проговори и за  перцепцијата на граѓаните за степенот на влијание на  религијата во политиката и обратно на политиката во религијата. Воедно и да ги детектирате точките каде овие два  сегмента во општеството се поврзуваат и дали тие имаат  позитивен или негативен ефект врз општеството.

Науката треба да даде одговор дали можеби влијанието на религиозните заедници врз верниците е можеби мало, па затоа тие бараат поддршка од политичките структури кои по својата форма се поорганизирани или пак имаме сосема поинаков процес во Република Македонија.

Македонија е мулти-религиска држава и тоа претставува значајна карактеристика на македонското општество која влијае врз процесите и го обликува развојот на државата. Мулти-конфесионалниот аспект на македонското општество е честопати занемарен, иако понекогаш се споменува како одреден импакт фактор, но без притоа сериозно да се анализира степенот на влијание на религијата врз општествените процеси.

Во македонската јавност многу малку се зборува за  вредностите на религиите. Многу малку се знае за различниот од себе, што пак според научните  анализи е една од причината за генерирање на некаков  страв, кој пак се користи како одбранбен механизам.

Концептот на секуларно општество во Македонија, во  ситуација на јаки и влијателни верски институции се губи  во основната суштина. Верските претставници честопати ја преземаат улогата и на етнички претставници.

Во  Република Македонија нема ниту јасна и прецизна слика за  перцепцијата на верниците и припадниците на  различните верски групи околу степенот на меѓуверско познавање, или за тоа колку и како  верските заедници  придонесуваат во процесот на меѓуверски дијалог.

Сите овие прашања верувам ќе наидат на интерес и анализа за време на денешната научна дебата на тема „Политиката и религијата„.

Пишува: Никола Јанкуловски – Ректор на Универзитетот Свети Кирил и Методиј

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *