Почетна Вести Свет Мјанмар: Протест на екстремистичките будисти против враќањето на араканските муслимани
Мјанмар: Протест на екстремистичките будисти против враќањето на араканските муслимани

Мјанмар: Протест на екстремистичките будисти против враќањето на араканските муслимани

42
0

Екстремистичките будисти во Мјанмар организираа демонстранции со цел на араканските муслимани, кои поради насилствата побегнаа во Бангладеш, да не им биде дозволено враќање во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Демонстрациите, на кои учествуваа неколку стотици лица, се организирани во Ситве, главниот град на мјанмарската област Аракан.

Еден од организаторите на протестот, Аунг Хтај, изјави дека апелираат до мјанмарската влада да не ги прифаќа назад араканските муслимани.

Портпаролот на Меѓународната организација за миграции (IOM), Џоел Милман, претходно соопшти дека од 25 aвгуст, поради нападite на мјанмарската војска и екстремистичкиte будисти, во Бангладеш побегнале 589.000 аракански муслимани.

Милман изјави дека бројот на бегалци на тоа подрачје заедно со бегалците, кoи претходно дошле во камповите во Кокс Базар, достигнaл 800.000.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *