Почетна Вести Мизерен однос на Амфилохије, не го ниту пречека Владиката Тимотеј со моштите од Свети Јован Владимир
bar-1
bar-2
bar-3
bar-4
bar-5
bar-6
bar-7
bar-8
bar-9
bar-10
bar-2

Мизерен однос на Амфилохије, не го ниту пречека Владиката Тимотеј со моштите од Свети Јован Владимир

1.94K
3

Црногорско-приморскиот митрополит Амфилохије не го пречекал Митрополитот Тимотеј, кој од Охрид за осветувањето на црквата во Бар денеска однесе честици од моштите на Свети Јован Владимир.

bar-2Иако Амфилохије молеше од МПЦ да ги добие моштите за осветувањето на црквата, со најава дека овој чин ќе има големо значење за односите меѓу двете цркви, сепак тој не го ниту удостоил Митрополитот Тимотеј со пречек.

Дебарско-кичевскиот Митрополит, кој во Бар отпатувал со свештеник од неговата епархија и бил пречекан од свештеници на Црногорско-приморската митрополија на СПЦ.

Сепак за пристигањето на моштите била организирана црковна церемонија, по која Владиката Тимотеј се поклонил пред моштите на Свети Јован Владимир.

Осветувањето на големата црква на СПЦ во Бар е утре. За осветувањето во Црна Гора допатува и Ерусалимскиот патријарх Теофил.

Од СПЦ велат дека Митрополитот Амфилохије бил зафатен со Ерусалимскиот патријарх и затоа не присуствувал на пречекот на Владиката Тимотеј, но дека бил организиран соодветен дочек на претставникот на МПЦ.

 

Коментар(3)

  1. Поздрав за вашиот подвиг Високопреосветени Владико Христос е љубов,ако барем малку го имаа во срцата ќе рекоа сакајте ги вашите непријатели,денеска е Св Силуан Атонски најголемиот борец и проповедител кој сведочеше за љубов кон непријателите.

  2. Зарем Вие мислевте дека ке има друг одговор. Кога во едно место доаѓаат свети мошти сите излегуваат во пресрет и пријателе и непријатели. Сето ова покажува дека СПЦ воопшто не рамислува за преговори со МПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *