Почетна Вести Регион Митрополитот на Пиреја се вакцинираше против коронавирус

Митрополитот на Пиреја се вакцинираше против коронавирус

207
0

Митрополитот на Пиреа, Серафим, познат по своите контроверзни ставови, се вакцинирал од Ковид 19, пренесоа грчките медиуми.

Тоа е симболичен акт на митрополитот Серафим, кој преку себе дава пример на своето паство за вакцинирање против смртоносниот вирус и знак за ревнителите против разумот, кои се борат против вакцинирањето. Митрополитот Серафим е многу почитуван баш од такви религиозни групи. Затоа неговото вакцинирање е насочено и против нивните погледи во однос на вакцинирањето со оваа вакцина, пишуваат медиуми.

-Денес е еден важен ден, еден историски ден, бидејќи здружението (домот за стари лица – з.п.)… беше исплашено од пандемијата, губејќи ја својата сигурност и целост… Денес настапува еден нов ден за враќање на сигурноста, целоста и животоспособноста на ова здружение, изјавил г. Серафим, потенцирајќи дека напредокот на науката, која служи на човекот и вредностите на животот секогаш се благослови и дар од Бога.

/doxologiainfonews.com/

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *