Почетна Вести Христијанство Митрополитот на Имврос – Томосот за автокефалност е на добар пат
Митрополитот на Имврос – Томосот за автокефалност е на добар пат

Митрополитот на Имврос – Томосот за автокефалност е на добар пат

3.93K
0

„Процесот за доделување на Томосот за автокефалија е на добар пат“, изјавил Митрополит на Имврос и Тенедос г. Кирил од Вселенската патријаршија, завреме на монашкото поклоничко патување на островот Имврос, епископот Партениј и монаси и монахињи од Бигорската Обидтел. Владиката Кирил, кој неодамна беше дел од Струшката литија за Свети Ѓорги, е уверен оти процесот на присоединување на Охридската Архиепископија, како автокефална црква ќе финишира, откривајќи дека Томосот за автокефалност, Вселенскиот Патријарх Ватроломеј ќе го донесе во Охрид.

-Веруваме дека Архиепископот Стефан и Свештениот Синод, но и Вие лично, ќе работите за да се заврши сѐ она што треба да биде, како би стасале до оној благословен ден кога Неговата Сесветост ќе богослужи во историскиот храм Света Софија во Охрид, за да го предаде Томосот за автокефалија на Охридската Архиепископија. Секако, тоа е едно мачеништво, не бескрвно, тешка борба затоа што постои спротивната страна – ѓаволот, кој се обидува да го искористи моментот и да направи прашина и проблеми. Но убеден сум дека еклисиолошката свест на сите што ја сочинувате Охридската Архиепископија ќе ги одведе работите онаму каде што треба да стасаат. Нѐ трогна Архиепископот завчера, во Понеделникот на Света Троица, кога по завршувањето на Светата Литургија, обраќајќи се кон Патријархот на Србија, му се заблагодари на нашиот Вселенски Патријарх што обезбеди каноничност и изрази надеж за доделување на Томос за автокефалност, изјавил Митрополитот Кирил, пред гостите од Македонија.

Монашкото братство и сестринство од Бигорски е во посета на Имврос, а потоа и Царигард со благослов на надлежниот архиереј Владиката Тимотеј.

Владиката на Имврос беше неколку пати во посета на МПЦ-ОА и како што вели по задача на Вселенскиот патријарх Вартоломеј да се посвети на Охридската Архиепископија. Од она со што досега се сретнал му донело благослов и радост.

-Вашата посета и вашето присуство е навистина историски настан. Верувам дека овде, на нашиот Имврос, никогаш претходно во поновата историја не прокружиле толку монашки раса, монаси, монахињи, клирици, епископи. И навистина чувствувам дека сте еден ангел, гласник одгоре, кој доаѓате да ни кажете дека таа каноничност отвори една голема прегратка, за да ја собере и Охридската Архиепископија во православната Црква. Тешките години поминаа и сега повторно заедно чекориме, сослужуваме, заедничариме во Телото и Крвта на нашиот Христос од светиот путир и се веселиме сите заедно. Навистина е историска вашата посета и присуство, Преосвештен Владико, изјавил владиката Кирил.

Островот Имфорс е родно место на Вселенскиот патријарх Вартоломеј и место од кадепотекнуваат голем број светители на Православната црква.  Поводот за поклоничко патување е споменот на Кирил епископот Александриски, чиешто што име го носи денешниот владика на Имврос и Тенедос.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *