Митрополитот Корчански Јован, нов архиепископ на Албанија

Date:

Share post:

Митрополитот Корчански Јован беше избран од Светиот синод на Православната автокефална црква на Албанија за нов архиепископ Тирана, Драч и цела Албанија.

Устоличувањето ќе биде на 29 март.

Митрополитот Јован се смета за духовно чедо на покојниот архиепископ Анастасиј. Роден е како Фатмир Пелуши, во Тирана на 2 јануари 1956 година. Неговото семејство припаѓало на бекташистичката традиција.

Во младоста, во периодот на немилосрдниот верски прогон во Албанија (1979), тајно бил крстен од херојскиот свештеник о. Космас Кириј, кој подоцна станал епископ на Аполонија, и се приклучил на малата подземна група на прогонуваната Црква. Студирал психологија на Универзитетот во Тирана и, од 1979 до 1990 година, работел во одделот за рехабилитација на Психијатриската болница во Тирана, специјализиран за работна терапија за пациенти. Во 1990 година побегнал во Италија, а потоа во Бостон, САД, каде со стипендија од албанската заедница продолжил теолошки студии на Грчката православна теолошка школа.

На 27 февруари 1994 година бил ракоположен за ѓакон, а на 4 декември истата година бил ракоположен за презвитер. Во 1995 година, на предлог на архиепископот Анастасиј, продолжил со постдипломски теолошки студии во школата „Светиот крст“ во Бостон. Во 1998 година бил ракоположен за епископ и избран за митрополит Корчански на 20.6.1998.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img