Почетна Вести Митрополитот Јосиф на средба со Албанскиот Архиепископ Анастасиј
tirana-1
tirana-2
tirana-3
untitled

Митрополитот Јосиф на средба со Албанскиот Архиепископ Анастасиј

400
0

Кумановско-осоговскиот Митрополит г. Јосиф, вчера бил во посета на Албанија и имал средба со Албанскиот Архиепископ Анастасиј.

Веста за средбата во Тирана, ја објави Кумановско-осоговската епархија документирана со фотографии. Сепак, кои биле темите на разговор, епархијата не соопштува детали.

Покрај средбата со Архиепископот на Албанската православна црква Анастасиј, која била во архиепископската резиденција во Тирана, Митрополитот г. Јосиф бил во псоета и на Духовната академија „Воскресение Христово“ во манастирот на свети Власиј во Драч.

Таму исто така бил пречекан од Епископот на Билис г. Асти, викар на Албанскиот Aрхиепископ.

Инаку со благослов на архиепископот г. Анастасиј, во академијата студира дипломираниот богослов Теофил Гроздановски, како прв студент од Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *