Почетна Вести Митрополитот Иларион му соопштил на Папата дека Руската Црква ќе ги возобнови урнатите цркви во Сирија
Митрополитот Иларион му соопштил на Папата дека Руската Црква ќе ги возобнови урнатите цркви во Сирија

Митрополитот Иларион му соопштил на Папата дека Руската Црква ќе ги возобнови урнатите цркви во Сирија

466
0

Шефот на руската црковна дипломатија Митрополитот Иларион Алфеев имал средба со Папата Франциск, на 27 септември 2017 година во Ватикан.

Една од централните теми на кои разговарале била состојбата во Сирија и бегалците. Рускиот митрополит побара Руската Православна Црква и Ватикан да ги обединат напорите за заедничко обезбедување на хуманитарна помош за Сирија.

Митрополитот Иларион му соопштил на Папата Франциск дека Руската Црква планира по завршувањето на антитерористичките операции   во Сирија да бидат обновени голем број православни храмови и манастири, како и обезбедување услови за враќање на бегалците. Во моментов се работи на список и план на разрушени цркви и манастири.

На средбата било разговарано и за дијалогот меѓу Православната Црква и Римокатоличката Црква.

Средбата траела повеќе од еден час.

/добротољубие.бг

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *