Почетна Проповеди МИТРОПОЛИТ ПЕТАР: Потребно е модерниот човек да почне внатрешна преродба
МИТРОПОЛИТ ПЕТАР: Потребно е модерниот човек да почне внатрешна преродба

МИТРОПОЛИТ ПЕТАР: Потребно е модерниот човек да почне внатрешна преродба

345
1

Божикно послание на Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски ПЕ­ТАР,

Воз­љу­бе­ни че­да во Хри­ста Бо­гом­ла­де­не­цот!

Пре­ми­ла­та и прес­ла­тка тај­на на бо­го­воп­ло­ту­ва­ње­то на Бож­ји­от Син де­не­ска ги ис­пол­ну­ва со ра­дост и не­бо­то и зем­ја­та. Ан­ге­ли­те пе­ат, па­сти­ри­те се ра­ду­ва­ат, му­дре­ци­те бр­за­ат, а Пре­све­та­та Бо­го­мај­ка бдее над сво­е­то че­до.

Пра­вед­ни­от Јо­сиф е збу­нет, а Ирод бес­нее од гнев. Ете, тој ве­ќе слуш­нал за не­о­бич­на­та ѕвез­да, ко­ја го нај­а­ву­ва ра­ѓа­ње­то на но­ви­от цар и смис­лу­ва од­маз­да, да ја про­лее кр­вта на не­долж­ни­те мла­ден­ци. Бож­ја­та про­мис­ла се ис­пол­ну­ва, тај­на до тај­на и чу­до до чу­до го ис­пол­ну­ва де­неш­ни­от праз­ник.

Оваа го­ле­ма ра­дост, по по­вод се­ра­дос­ни­от праз­ник Рож­дес­тво­то Хри­сто­во, и нас, со­бра­ни­те во све­ти­те хра­мо­ви, во до­мо­ви­те, по па­ти­шта­та, во бол­ни­ци­те, во ин­сти­ту­ци­и­те, на ра­бот­ни­те ме­ста, нè ис­пол­ну­ва. Зна­еј­ќи го ова, ме­сто од страв и не­из­вес­ност, тре­ба да би­де­ме об­зе­ме­ни од ра­дост и ве­сел­ба, за­ед­но со не­бес­ни­те си­ли, пе­еј­ќи ја Бо­жик­на­та ан­гел­ска пес­на: „Сла­ва во ви­си­ни­те на Бо­га, и на зем­ја­та мир, ме­ѓу лу­ѓе­то до­бра вол­ја“.

Бо­жик е по­че­ток на на­ше­то спа­се­ние! Бо­го­воп­ло­ту­ва­ње­то е нај­ве­ли­чес­тве­ни­от на­стан од соз­да­ва­ње­то на све­тот и чо­ве­кот. Цел­та на воп­ло­ту­ва­ње­то на Бог Сло­во­то е спа­се­ние на чо­веч­ки­от род за­што Сло­во­то дој­де во све­тот за „да го по­ба­ра и спа­си за­гу­бе­но­то“ (Мт. 18, 11). Со сво­е­то воп­ло­ту­ва­ње, Спа­си­те­лот ја из­диг­на чо­веч­ка­та при­ро­да од се­тил­но­то во на­тсе­тил­но­то, од зем­но­то во не­бес­но­то, од чо­веч­ко­то во бо­жес­тве­но­то. Бог се ја­ви ка­ко чо­век ме­ѓу лу­ѓе­то за­ра­ди сво­е­то не­из­мер­но чо­ве­ко­љу­бие. На на­ша­та пад­на­та и за­бо­ле­на при­ро­да ѝ бе­ше по­тре­бен ле­кар: на пад­на­ти­от чо­век му тре­ба­ше не­кој што ќе го по­диг­не; на за­тал­ка­ни­от не­кој што ќе му го по­ка­же па­тот; на заб­лу­де­ни­от не­кој што ќе му ги вра­ти ви­стин­ски­те чо­веч­ки вред­но­сти; на за­тво­ре­ни­от во тем­ни­ца не­кој што ќе му ја об­ја­ви свет­ли­на­та; на оту­ѓе­ни­от не­кој што ќе го отку­пи; на за­тво­ре­ни­от, за­штит­ник; на ро­бот, ос­ло­бо­ди­тел. Се­то тоа чо­ве­кот го до­бил во Бо­гом­ла­де­не­цот Хри­стос. Тоа, всуш­ност, и би­ла при­чи­на­та, да го пот­тик­не Бо­га да сле­зе од не­бе­са­та и да ја по­се­ти не­моќ­на­та чо­веч­ка при­ро­да, ко­ја се на­о­ѓа­ла во мно­гу те­шка и жал­на по­лож­ба.

Воз­љу­бе­ни праз­ни­ко­љуп­ци!

Бог го соз­да­де све­тот, а по­тоа и чо­ве­кот, за и са­ми­от да по­ста­не чо­век, спа­су­вај­ќи го чо­ве­кот, па пре­ку тоа и чо­ве­кот да дој­де до обо­жу­ва­ње. Исто­то тоа го ве­ли и све­ти Ири­неј Ли­он­ски: „Бож­ји­от Син за­тоа по­ста­на и син чо­веч­ки, за чо­ве­кот да по­ста­не син Бож­ји“. Во тај­на­та на Хри­сто­во­то Ра­ѓа­ње е пре­до­бра­зе­но ос­но­ва­ње­то на Цр­ква­та, ко­ја е не­го­во те­ло, пол­но­та и ис­пол­ну­ва­ње на воп­ло­те­но­то сло­во.

Во са­мо­то Хри­сто­во ра­ѓа­ње, „по­бе­ден е по­ре­до­кот на при­ро­да­та“. И не са­мо што е осве­те­но „при­род­но­то“ ра­ѓа­ње, ту­ку се по­ка­жу­ва и по­ја­ву­ва и она нат­при­род­но­то ра­ѓа­ње: „И чу­до­то од Тво­е­то ра­ѓа­ње, ја­зи­кот не мо­же да го иска­же…“ Тоа е тај­на­та на дев­стве­но­то ра­ѓа­ње од Све­ти­от Дух. Во Хри­сто­во­то ра­ѓа­ње не се откри­ва са­мо сла­ва­та на Бо­го­чо­веш­тво­то, ту­ку и тај­на­та на Бо­го­мај­чинс­тво­то.

Љу­бо­вта на Бо­го­мај­ка­та се ис­пол­ну­ва ка­ко за­стап­ниш­тво и по­кро­ви­телс­тво. Име­то „мај­ка“, на­се­ка­де оз­на­чу­ва „љу­бов“. За­што, „мно­гу мо­же Мај­чин­ско­то мо­ле­ње, кое е упа­те­но кон ми­ло­сти­ви­от вла­ди­ка“. Во тај­на­та на воп­ло­ту­ва­ње­то се откри­ва Бож­ја­та љу­бов, ко­ја сле­гу­ва во све­тот и во не­го до­не­су­ва мир и до­бра вол­ја. Но, се откри­ва и чо­веч­ка­та љу­бов, ко­ја во сми­ре­ни­е­то и по­ко­ру­ва­ње­то од­го­ва­ра на Бож­јо­то откро­ве­ние. Па та­ка, тај­на­та на Ра­ѓа­ње­то е сла­ва на љу­бо­вта. Во тоа се со­стои ра­до­ста на бо­жик­но­то откро­ве­ние. Све­ти Гри­го­риј Бо­гос­лов ве­ли: „Ако не­кој нè пра­ша што по­чи­ту­ва­ме ние и на што се пок­ло­ну­ва­ме, на­ши­от од­го­вор тре­ба да гла­си – ние ја по­чи­ту­ва­ме љу­бо­вта“. За­што Бог тол­ку го воз­љу­би све­тот што го да­де и сво­јот Еди­но­ро­ден Син, та се­кој што ве­ру­ва во не­го, да не по­ги­не, но да има жи­вот ве­чен“ (Јн. 3, 16).

Воз­љу­бе­ни че­да во но­во­ро­де­ни­от Бо­гом­ла­де­нец!

Со воп­ло­ту­ва­ње­то на Си­нот Бож­ји се соз­да­де све­то­то се­мејс­тво, кое тре­ба да би­де обра­зец на се­кое се­мејс­тво на зем­ја­та. Ка­ко што Бо­гом­ла­де­не­цот бе­ше пос­лу­шен на пра­вед­ни­от Јо­сиф и пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца, та­ка тре­ба да би­дат пос­луш­ни и де­ца­та кон сво­и­те ро­ди­те­ли. Ка­ко што пра­вед­ни­от Јо­сиф и Пре­све­та Бо­го­ро­ди­ца се гри­же­ле за Бо­гом­ла­де­не­цот и го ба­ра­ле ко­га се из­гу­бил, сè до­де­ка не го наш­ле во до­мот на Не­го­ви­от Отец – Цр­ква­та Бож­ја, та­ка и ро­ди­те­ли­те тре­ба да се гри­жат и да ги ба­ра­ат сво­и­те де­ца, сè до­де­ка не ги нај­дат во до­мот Бож­ји – Цр­ква­та Хри­сто­ва. А за да го по­стиг­нат тоа, по­треб­но е да го откри­јат и приз­на­ат тај­ни­от од­нос на Оте­цот и Си­нот во Пре­све­та­та Тро­и­ца, спро­тив­но, зем­но­то се­мејс­тво ста­ну­ва бес­мис­ле­но. Па та­ка, љу­бо­вта и со­ли­дар­но­ста ме­ѓу лу­ѓе­то, кои се те­мел на оп­штес­тво­то, во ме­ѓу­себ­ни­те од­но­си се из­вр­ту­ва­ат во оз­бо­ру­ва­ња, из­ма­ми, кле­ве­ти, ла­ги, под­мол­ност, зло­ба, ка­вги, раз­до­ри итн. Во ед­но та­кво оп­штес­тво, свое ме­сто не­ма ни мај­чинс­тво­то, ни­ту та­тков­ство­то, ни­ту дев­стве­но­ста, ни­ту чо­ве­ко­љу­би­е­то. И мо­же­би ток­му по­ра­ди тоа, де­нес не­ма во стру­кту­ра­та на вла­ди­те, ми­ни­стерс­тво за се­мејс­тво, кое би би­ло столб на оп­штес­тво­то, за­што се­мејс­тво­то е се­меј­на­та-до­маш­на­та цр­ква и кле­тка на оп­штес­тво­то, без кое не мо­же да се за­мис­ли здра­во оп­штес­тво.

От­та­му, апе­ли­ра­ме до од­го­вор­ни­те оп­штес­тве­ни фа­кто­ри да се по­тру­дат во нај­ско­ро вре­ме да ја во­ве­дат ве­ро­на­у­ка­та во учи­ли­шта­та, зак­луч­но со сред­но­то учи­ли­ште, ка­ко што го сто­ри­ја тоа и во со­сед­ни­те, исто та­ка, пос­тко­му­ни­стич­ки др­жа­ви: Ср­би­ја, Ре­пуб­ли­ка Срп­ска, Ро­ма­ни­ја, Бу­га­ри­ја, Ру­си­ја итн. Во спро­тив­но, во обез­бо­же­ни­те се­мејс­тва се ури­ва се­меј­на­та љу­бов, сло­га и раз­би­ра­ње, а ка­ко пос­ле­ди­ци на тоа до­а­ѓа до криз­ни со­стој­би во оп­штес­тво­то со не­сог­лед­ли­ви пос­ле­ди­ци.

Де­неш­ни­от чо­век ста­на мли­тав, ин­фан­ти­лен. Не­го­во­то ср­це е ска­ме­не­то, а гла­ва­та вже­ште­на. Нас­про­ти не­го е бо­го­бо­јаз­ли­ви­от чо­век, кој се­ко­гаш има(л) же­шко ср­це и сту­де­на гла­ва. Со­вре­ме­ни­от чо­век ста­ну­ва еден вид ци­ви­лен роб, кој лес­но се пре­о­бра­ќа во див­јак штом ќе се до­фа­ти до се­којд­нев­ни­те играч­ки: коц­ка­ње­то, об­ло­жу­вал­ни­ци­те, на­ви­ва­ње­то, си­те ви­до­ви „за­бав­на ин­ду­стри­ја“ – бес­по­лез­ни­те се­рии, не­мо­рал­ни­те фил­мо­ви, па по­ле­ка поч­ну­ва да се са­мо­за­до­во­лу­ва чув­стве­но и ин­те­ле­кту­ал­но, а се­то тоа ја зго­ле­му­ва не­го­ва­та де­зо­ри­ен­ти­ра­ност и фру­стри­ра­ност. Па та­ка, на­о­ѓај­ќи се во ед­на та­ква ур­ба­на пу­сти­на, на­ре­че­на од све­ти от­ци „до­ли­на на пла­чот“, тој по­ле­ка за­па­ѓа во уни­ние – без­во­лен жи­вот, и по­тоа па­ѓа во оча­ја­ние, од­нос­но до­бро­вол­но му ја пре­да­ва ду­ша­та сво­ја на ѓа­во­лот и ста­ну­ва це­лос­но не­гов роб.

За­тоа е по­треб­но мо­дер­ни­от чо­век да за­поч­не вна­треш­на пре­род­ба, пре­ку ис­пол­ну­ва­ње на еван­гел­ски­те на­че­ла и прин­ци­пи. Тој е ви­стин­ски­от пат кон ми­рот, кој се ос­тва­ру­ва „не ка­ко што го да­ва све­тот“, ту­ку ка­ко што го да­ва Хри­стос, кој ве­ли: „Мир ви оста­вам; Ми­рот Свој ви го да­вам! Да не се бои ср­це­то ва­ше“ (Јн. 14, 27).

Да се има мир Бож­ји, зна­чи да се има мир со Бо­га, со бра­тот, со ближ­ни­от, со чо­ве­кот, со се­то Бож­јо соз­да­ние. Ете, за еден та­ков не­бе­сен, ви­шен мир, Бож­ја­та Цр­ква се­којд­нев­но се мо­ли, а осо­бе­но во овие бо­жик­ни де­но­ви, за да ги за­грее на­ши­те сту­де­ни ср­ца та­кви­от мир, ка­ко би мо­жел во нив да се ро­ди Бо­гом­ла­де­не­цот Хри­стос, кој е на­ша­та ве­ра, на­ша­та љу­бов, на­ша­та на­деж, на­ши­от мир.

Нај­ми­ли на­ши ду­хов­ни че­да!

Од на­ша стра­на, по­треб­но е да на­пра­ви­ме сè што е во на­ша моќ, во нас да се ро­ди Хри­стос Бо­гом­ла­де­не­цот. По­треб­но е да ги отво­ри­ме на­ши­те ду­ши и ср­ца за да по­ста­не­ме и ние јас­ли за Но­во­ро­де­ни­от Бо­гом­ла­де­нец.

Ако пре­ку це­ла­та го­ди­на та­га­та ни ги при­ти­ска ср­ца­та, ба­рем во бо­жик­ни­те и дру­ги­те праз­ни­ци да се ро­ди ра­дост во нив би­деј­ќи го сла­ви­ме Ра­ѓа­ње­то на Бо­га, кој се по­ја­вил ка­ко чо­век.

Ако пре­ку це­ла­та го­ди­на омра­за­та ни ги тру­е­ла ср­ца­та, ба­рем де­нес да го исфр­ли­ме отро­вот на омра­за­та од нив за­што го сла­ви­ме ра­ѓа­ње­то на не­бес­на­та љу­бов, воп­ло­те­на во чо­веч­ка при­ро­да.

Ако пре­ку це­ла­та го­ди­на гор­до­ста и зло­ба­та ни ги воз­не­ми­ру­ваа ср­ца­та, де­нес во нив не­ка се ро­дат кро­тко­ста и сми­ре­ни­е­то за­што го сла­ви­ме ра­ѓа­ње­то на оној, кој са­ми­от се по­ни­зил за да го из­диг­не пад­на­ти­от чо­веч­ки род.

Ако пре­ку це­ла­та го­ди­на на­ши­те ср­ца тре­пе­реа во страв, од гри­жи за утреш­ни­на­та, во страв од не­при­ја­те­ли­те, во страв од бо­ле­сти, вој­ни и смрт, де­нес да го исфр­ли­ме си­от тој страв за­што ан­ге­ли­те ни со­оп­шту­ва­ат: „Не пла­ше­те се! Еве, ви на­ве­сту­вам го­ле­ма ра­дост, ко­ја ќе би­де за си­те лу­ѓе; за­што де­не­ска ви се ро­ди во гра­дот Да­ви­дов спа­си­тел, кој е Хри­стос Гос­под“ (Лк. 2, 10-11).

mitropolit-petar-1На овој Бо­жик да го мо­ли­ме Бо­га за из­ба­ву­ва­ње на на­ши­те бра­ќа и се­стри, хри­сти­ја­ни, кои се на­о­ѓа­ат во го­ле­ми не­вол­ји, ма­ки и стра­да­ња на криз­ни­те по­драч­ја низ све­тот, кои се со­вре­ме­ни ма­че­ни­ци за ве­ра­та во Бо­га. Бог не­ка ги за­шти­ти не­за­шти­те­ни­те од моќ­ни­ци­те на овој свет, кои за­ра­ди зем­ни и пре­од­ни ин­те­ре­си уби­ва­ат ма­жи, же­ни, стар­ци и де­ца, истре­бу­ва­ат на­ро­ди без ни­ту мал­ку ми­лост да има­ат во се­бе. По­треб­но е си­те за­ед­но да го диг­не­ме сво­јот глас про­тив сквер­на­ве­ње­то на ве­ра­та и чо­веч­ко­то до­сто­инс­тво!

Ми­рот Бож­ји и Бож­ја­та вол­ја не­ка би­дат нај­воз­ви­ше­ни­те прин­ци­пи ме­ѓу нас хри­сти­ја­ни­те. Ми­рот Бож­ји не­ка вла­дее ме­ѓу лу­ѓе­то и на­ро­ди­те, а до­бра­та вол­ја не­ка би­де по­твр­да на тој Бож­ји мир.

Поз­дра­ву­вај­ќи ве со тор­жес­тве­ни­от поз­драв:

Мир Бож­ји, Хри­стос се ро­ди!!!

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *