Почетна Вести МИТРОПОЛИТ ПЕТАР: Има разлика, нашите имоти во Австралија се на Црквата
МИТРОПОЛИТ ПЕТАР: Има разлика, нашите имоти во Австралија се на Црквата

МИТРОПОЛИТ ПЕТАР: Има разлика, нашите имоти во Австралија се на Црквата

847
2

Владиката Петар реагира на обвинувањата на Игор Александров дека планира црквите во својата епархија во Австралија да ги регистрира под една корпорација.

vladika-petarВо изјава за Телеграф.мк, Владиката Петар вели дека тоа не било точно и дека Александров добро ја знаел разликата меѓу имотите што се под владение на неговата епархија и оние на Здружението на македонските православни општини во Австралија.

­-Не е точно она што го вели екскомуницираниот Александров. Нашата регистрација на епархијата е регистрација на имот во доверливо чување за МПЦ. Оваа регистрација претставува чување за црквата, додека нивните имоти се компаниски и ќе се раководат според компаниски закони ­ објаснува владиката Петар за Телеграф.мк.

Тој нагласува дека спорот во Австралија е решен, неговата епархија е регистрирана и дека Синодот треба да одлучи како ќе постапува со имотите и црквите кои се раководени од македонските православни општини и од владиката Тимотеј.

 

Коментар(2)

  1. Тогаш кој му дал право да распродава имоти ?Зане ли Синодот што Петре – Јован поседува и распродава? Остана Петре владика само на внуците негови и имотите нивни…ДО КОГА ?

  2. Imoti vo Avstralija, na licno ime na vladikata Petar i negovite podanici. Zosto? Za da moze da gi prodade koga saka? Ako vladikata Petar ja saka Makedonskata Pravoslavna Crkva neka pokaze na delo. Site imoti na negovo ime neka gi pre-registrira na MPC. Ajde da vidime dali toa ke go stori? Neli trebaat dela pred Boga. Kade se delata? Ajde neka pokaze ljubovta kon crkvata Makedonska e pogolema od ljubovta kon parite.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *