Почетна Интервју Митрополит Наум: Очекуваме сослужение со Црквата-Мајка, испративме братски повик до Патријархот Неофит
Митрополит Наум: Очекуваме сослужение со Црквата-Мајка, испративме братски повик до Патријархот Неофит

Митрополит Наум: Очекуваме сослужение со Црквата-Мајка, испративме братски повик до Патријархот Неофит

299
1

Следниот чекор е заедничко сослужение на светата Литургија / Евхаристија / и на тој начин заедно практично да ја исполниме одлуката на БПЦ, со која таа се согласи да биде Црква-мајка на МПЦ-Охридска архиепископија.

Тоа, во изјава за Агенција БГНЕС го кажал Струмичкиот Митрополит Наум по повод следните чекори меѓу БПЦ и МПЦ-Охридска архиепископија.

БГНЕС: Бугарскиот патријарх Неофит соопшти дека меѓу двете цркви МПЦ-Охридска архиепископија и БПЦ има целосен консензус за сите прашања. Кој е следниот чекор што очекувате да бидат преземени помеѓу Мајка Црква и Охридската архиепископија?Ј

Митрополит Наум: Следниот чекор е заедничко сослужение на светата Литургија / Евхаристија / и на тој начин заедно практично да ја исполниме одлуката на БПЦ, со што таа се согласи да биде Црква-мајка на МПЦ-ОА. Ако двете цркви заедно не вршат сослужение на светата Литургија, тогаш каков и договор да има меѓу нив или еднострани дејствија – тие немаат смисла и содржина.

Нашата црква и сега е многу благодарна на БПЦ за преземениот крст да не претставува, да се залага за нас и да ни помага да бидеме дел од православниот свет. Но смирено чекаме овој крст да донесе воскресната среќа на нашата заедничка причест со светите Христови тајни од ист путир. Очекуваме овој заеднички чекор многу брзо да се случи. Овие денови испративме писмо до Неговата светост Патријархот Неофит со братски повик за заедничка служба на Светата Литургија.

БГНЕС: Ја споделувате ли информацијата дека Вселенската патријаршија гледа позитивно на барањето на МПЦ-Охридска архиепископија БПЦ да биде нејзина Црква-мајка?

Митрополит Наум: Конечниот збор, се разбира, ќе фо има Вселенскиот патријарх Вартоломеј – таков е редот во православната црква. Колку што јас знам и тоа е сосема нормално, Вселенскиот патријарх неуморно работи на единството на Една, Света, Соборна и Апостолска Црква – тоа е неговата главна задача. Ние веруваме, но и гледаме дека сè што се прави во Православната Црква, согласно оваа задача, е истовремено радост и утеха, преку Светиот Дух, и за самиот патријарх Вартоломеј.

БГНЕС: Кои се заедничките предизвици со кои се соочуваат двете православни цркви во Република Македонија и Бугарија?

Митрополит Наум: За заедничките предизвици во денешниот свет кон Црквата Божја, нема да зборувам, бидејќи тие се познати. Најсуштествено и најважно е црквата да се соочи со сопствените предизвици. Во црквата нема доволно вистински духовни отци и духовни водачи, кои правилно да расудуваат за доброто и за злото, кои да да земаат храбри одлуки и да застануваат зад нив, кои ги решаваат проблемите и кои се способни да привлекуваат и водат вернички народ. Недостатокот на духовни татковци е главниот проблем на црквата денес.

Коментар(1)

  1. Teško li im bilo da ja namolat Bpc da bide majka na MPC. Bugarite možat da bidat braća samo na ovoj fulirant koj se pretstavuva a na.mene ne

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *