Митрополит на Украинската православна црква се причестил на литургија во Скопје

Date:

Share post:

Митрополитот Лавовски и Галицки,  Филарет, од Украинската Православна Црква – Московска патријаршија е во посета на МПЦ-ОА. Тој денеска молитвено присуствувал на литургијата шро Архиепископот Стефан, за Илинден, ја служел во Црквата Св. Илија во Аеродром, објави МПЦ-ОА.

Владиката Филарет не сослужувал, но според фотографиите што ги објави Скопската епархија се гледа дека тој во олтарот се причестува.

МПЦ-ОА и УПЦ-МП не сослужуваат меѓусебе, иако оваа црква одлучи да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА. Иста одлука за несослужување МПЦ-ОА има и со ПЦУ (автокефалната црква во Украина).

Во последно време неколку пати досега владици на УПЦ-МП беа гости во Македонија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...