Почетна Вести Митрополит на БПЦ ќе венчава и крштева само Православни
Митрополит на БПЦ ќе венчава и крштева само Православни

Митрополит на БПЦ ќе венчава и крштева само Православни

460
0

Сливенската митрополија од Бугарсктата православна црква, забрани склучување бракови меѓу Православни и христијани од другите цркви, како и меѓу инославни и иноверни граѓани на Бугарија.

Одлуката за оваа ригорозна мерка, за која на свештениците во оваа Епархија на БПЦ им се налага строго почитување, ја потпишал лично Митрополитот Сливенски Јоаникиј.

Забраната важи и за кумовите, кои исто така не смеат да бидат „Римокатолици“, „Протестанти“, или претставници на други вери. Истовремено се забраноува и крштевање на Христијани кои не се православни.

Одлуката на Митрополитот на БПЦ за забрана за венчавање на неправославни
Одлуката на Митрополитот на БПЦ за забрана за венчавање на неправославни

Епархискиот совет на Сливенсканата митрополија оваа одлука ја донел како резултат на зачестените бракови помеѓу Православни и Инославни граѓани, посочувајќи дека нивното венчавање во црквата е прекршување на канонските правила од Шестиот собор од 678 година.

Скандалозната одлука, како што ја дефинираат дел од медиумите во Бугарија, била објавена на сите видни места во сите храмови на БПЦ во оваа Епархија

Сепак, оваа одлука важи само во Сливенската епархија. Бугарската православна црква повеќе од 50 години врши непречени венчавки на Православни со граѓани од друга вероисповест. Единствени услови за скучување на таков црковен брак е обврската на родителите своите деца во иднина да ги воспитуваат во духот на Православната вера, а воедо инославниот да не ја наметнува својата воља врз православниот.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *