Почетна Вести Христијанство Митрополит Кипријан: Комисијата работи по македонското црковно прашање
Митрополит Кипријан: Комисијата работи по македонското црковно прашање

Митрополит Кипријан: Комисијата работи по македонското црковно прашање

232
0

Комисијата што Синодот на Бугарската православна црква ја оформи за македонското црковно прашање продолжува со својата работа, изјавил Старозагорскиот митрополит Кипријан за агенцијата БГнес.

-Има комисија која се уште не се изјаснила по прашањето. Кога ќе има став на комисијата, тој ќе биде разгледуван од Синодот и процедурата ќе продолжи како што треба. Во моментов оваа комисија работи на ова прашање, изјавил Митрополитот Кипријан.

Оваа изјава на Владиката на БПЦ доаѓа само неколку дена откако Вселенската патријаршија преку архимандритот Роман Анастасијадис остро го критикуваше однесувањето на екс македонскиот владика Јован Вранишковски, кој сега ја претставува Српската православна црква.

Вранишковски тогаш изјави дека е апсолутно неприфатливо Вселенската патријаршија да решава за состојбите во помесните цркви. Архимандритот Анастасијадис, пак одговори дека заедно со украинското прашање дојдено е време и за решавање на прашањето на Охридската Архиепископија.

Минатиот месец македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека Синодот на БПЦ прв направил храбри чекори за да го помогне процесот за добивање на автокефалност на МПЦ, посочувајќи дека Македонија како самостојна држава има право на самостојна и независна црква.

/БГнес

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *