Почетна Интервју Митрополит Амфилохије: Ако министерот се плаши од Аллах, ќе имаме верско образование
Митрополит Амфилохије: Ако министерот се плаши од Аллах, ќе имаме верско образование

Митрополит Амфилохије: Ако министерот се плаши од Аллах, ќе имаме верско образование

596
0

Митрополитот црногорско-приморски Амфилохије, втор по ранг меѓу епископите во хиерархијата на Српската православна црква, истакна дека за мир на Земјата неопходна е добрата волја меѓу луѓето.

„За да има мир, неопходна е добра волја меѓу луѓето, меѓу сите колку што не има. А сите луѓе на Земјата сме од еден корен, сите сме браќа, кога малку подлабоко ќе се погледне“, истакна во своето божиќно интервју за Anadolu Agency (AA) митрополитот Амфилохије.

Осврнувајќи се на религијата на просторите на поранешна Југославија митрополитот нагласува:

„Црна Гора сѐ уште е во рамките на она што јас малку грубо го нарекувам, но тоа така и е, повик, болест наречена брозомора. Брозомората, тоа е тој атеизам, безбожност, богоубиство на кое се направи обид да се втемели човековата среќа, историјата, судбината на човекот. Како што зборуваше рускиот социјалист на 19. век Бјелински – човекот е од мајмун, се сакаме едни со други. Не можете на тоа мајмунско потекло да го засновате мирот меѓу луѓето и братството и единството“, порача митрополитот Амфилохије.

„Тоа е темел на тоа. Провлекувањето на ова вековно искуство, кое не е бајка, не е приказна, туку реалност илјади години, на која се темели сѐ што е чесно и искрено дадено на народите, особено на европските, азиските, американските, тоа е она што е неопходно. Проблемот е, на пример, сега конкретно во Црна Гора. Ние и овде се обидовме да воведеме веронаука уште во 1990-тите години, но за жал, бидејќи Црна Гора, односно бидејќи токму црногорската власт беше носител на безбожноста, тоа не успеа. Само Албанија на Енвер Хоџа беше пред Црна Гора. Сега оваа идеологија сѐ уште некако владее со образованието во Црна Гора. Бидејќи јас сум познат како лингвист, реков, сега министерот за образование на Црна Гора е муслиман, Дамир Шеховиќ, и ако има страв од Аллах и Судниот ден тогаш ете ни веронаука во Црна Гора. Не знам дали има страв од Аллах и Судниот ден, бидејќи, без тоа нема ни вистинско образование, ниту напредок“, е ставот на митрополитот Амфилохије.

За сѐ, па и за заминувањето на младите од просторите на поранешна Југославија, смета митрополитот, првиот грев на „сите нас е токму таа војна што се случи, во која никој не може да каже дека е безгрешен во она што се случи тука“.

„Се разбира, ние сега се правдаме дека тоа (причината) било и времето на титоизмот, како да кажам, тоталитаризмот, тоа беше една реакција. Да, во еден дел беше реакција на тоа. Но, од друга страна не е само реакција, туку беше во голем дел и повампирување на нашите историски несреќи, потоа несреќите во самите нас, таа омраза. Значи, тоа е она што го роди и она што го раѓа. Тоа се раните, длабоките рани кои не можат толку лесно да се излечат и да се надминат. Пред сѐ губат особено младите генерации. Затоа, колку има добра, без оглед на тоа каков беше тој претходен систем, со сите мани, сепак во тоа време многу нешта се направени, се создадени во сите земји на сега поранешна Југославија. Но, и со сите тие несреќни војувања многу од тоа е уништено, и не само тоа, туку и многу други нешта се уништени“, вели митрополитот Амфилохије.

Тој наведува дека и тоа заедништво кое на некој начин е доведено до одреден степен, сепак, и тоа е загрозено и не може да се среди преку ноќ. Сето ова, цени тој, е производ помладите генерации да останат пред сѐ осиромашени, и порачува дека политичарите би морале многу повеќе да работат на помирување на просторите на поранешна Југославија, а и луѓето мора многу повеќе да се ангажираат и да се вклучат.

– Западот носител на губењето на вистинските вредности –

Порачува дека во заблуда се оние кои сметаат дека учеството на Западот овде (на Балканот) било поради одреден вид на љубов кон муслиманите, Србите или Хрватите, како што беше истата приказна, како што рече митрополитот, во текот на Втората, но и Првата светска војна.

„Тоа се интересите на моќниците, како што се случува и сега, што се случи со нас тука, особено во Косово, што се случи и се случува во Украина, Сирија на истокот. Дали е тоа љубов кон источните народи? Тоа е проблемот што ме мачи мене како човек. Тоа не е прашање на Западот или Истокот, туку прашањето ако Истокот или Западот го изгуби чувството за вистинското човечко суштество, за неговата вечна смисла, безвременска, тоа е она што е опасно. А носителот на тоа губење сега е Западот, многу повеќе отколку Истокот, без оглед дали станува збор за христијанскиот исток или исламскиот или дури и истокот на хиндуизмот и будизмот, брамаизмот“, цени митрополитот Амфилохије.

Западот е, вели тој, од една страна навистина носител на уникатна цивилизација во историјата на светот, но од друга страна е носител на духот на подлабоко расчовечување на човекот.

– Потегот на Трамп не е разумен –

Кога станува збор за статусот на Ерусалим (Кудс), смета дека треба да го задржи статусот кво, бидејќи секое придвижување на состојбата, како што напомена, ги потпалува искрите.

„Пред сѐ ние мораме да го замолиме Бога да помогне таму, без Бог ниту преку прагот не треба да минеме. Да даде Господ да живееме како луѓе и овде и во Ерусалим, и околу него. Ерусалим во времето на Христос, а пред тоа за време на Кир и други, е единствениот град кој го доби називот и стана небески (свет) град. Затоа, не е чудно што сѐ се случува околу него. Гледам и во современиот свет и низ минатите векови сѐ се прекршува преку Ерусалим и преку оние кои живеат во овој град. Неопходно е сите да го разбереме значењето на тој град, и значењето на пораката што ја носи тој град. Тоа е она што ни треба за да живееме преку оваа порака. Еврејскиот народ е врзан за градот со папочна врвца, потоа и сите што се родени таму, и христијанството е родено таму, а и исламот е поврзан. Колку што е исламот врзан за Мека и за Медина толку е поврзан и за Ерусалим. И оттука Палестинците, не е во прашање само географијата, постои таа поврзаност која не може да се игнорира никогаш ако сакаме како луѓе да зборуваме и да живееме“, порачува митрополитот Амфилохије.

Потегот на американскиот претседател Доналд Трамп за признавањето на Ерусалим (Кудс) како главен град на Израел, според митрополитот Амфилохије, не е разумен.

„Тој по малку, како и поранешните претседатели, се носители на овој империјалистички дух на Западот. Тоа е тој империјалистички дух каде што неговото однесување е очигледно такво не само кон Ерусалим и кон тие случувања, туку и пошироко. Сите очекувавме дека Трамп нешто ќе подобри. Но, очигледно е дека ништо подобро не донесе од претходните кои беа на тоа место“, порача во разговорот за АА митрополитот црногорско-приморски Амфилохије.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *