Почетна Вера МПЦ-ОА Мироточеа моштите на Светиот Кипријан Слепченски
Мироточеа моштите на Светиот Кипријан Слепченски

Мироточеа моштите на Светиот Кипријан Слепченски

3.14K
10

Една година по официјалното прогласување на светиот свештеномаченик Кипријан за светител, денеска со литургија, литија, рецитал посветен на светителот и пригодна музичка програма, Слепченскиот манастир „Свети Јован Претеча“ во демирхисарско Слепче, го одбележа денот на својот игумен кој се упокои на 30 април 1780 година.

Од манастирот информираа дека верници од целата држава денеска биле во Слепче и се поклониле пред моштите на св.Кипријан Слепченски.

– Верници од целата наша држава денеска допатуваа во Слепче за да се поклонат на неговите свети мошти и да ја целиваат неговата икона молејќи го Светителот за здравје и спасение. Литијата со иконата на Светителот и мироточењето на неговите свети мошти, предизвикаа молитвени воздишки и посебна радост кај сите присутни, велат од сестринството ма манастирот.

На денешната свеченост и официјално Демир Хисар го прогласила свети Кипријан за свој заштитник, покровител и патрон на градот. Моштите на Светителот се изложени за поклонение, секој неделен ден после неделната литургија во манастирот.

Коментар(10)

Напиши одговор на Bile Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *