Почетна Вести Христијанство Министертвото за култура потврди дека на фреските во Осоговски двапати било нестручно интервенирано
Министертвото за култура потврди дека на фреските во Осоговски двапати било нестручно интервенирано

Министертвото за култура потврди дека на фреските во Осоговски двапати било нестручно интервенирано

380
1

Министерството за Култура потврди дека фреските во манастирската црква „Св.Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка, биле преименувани, но истовреме стручниот увид од тим конзерватори утврдил дека и во двата случаи, кога биле преименувани и во вториот случај, кога биле вратени во правобитна состојба, било нестручно и аматерски интервенирано.

Од тие причини Министерството ќе изготви стручен проект за конзервација со цел враќање на оригиналните натписи.

-Ве информираме дека со увидот извршен од стручната екипа на  7.12.2020 г., е утврдено дека на натписите на фреските во првата зона во манастирската црква на Осоговскиот манастир, дело на зографот Димитар Андонов-Папрадишки од 1932/33 г, на кои според приложената фотодокументација биле преименувани од непознат сторител, истите се вратени во првобитна состојба од страна на имателот, Кумановско-осоговската митрополија. Од стручниот увид е констатирано дека на самото ѕидно сликарство нестручно е интевренирано во двата наврати. Во препораките на НУ-Национален конзерваторски центар-Скопје, се предвидуваат натамошни истражувања како и изготвување на проект за конзервација за враќање на оригиналните натписи и оштетената боја, стои во соопштението од Министерството за Култура.

Истовремено Министерство за култура уште еднаш најостро ја осудува секоја неовластена интервенција врз културните добра.

Пред една недела српските медиуми објавија скандалозно преименување на дел од фреските во манастирската црква, а според приложените фотографии од страна на КИЦ „СПОНА“ преименувањето било направено на јужниот ѕид на црквата на кој се претставени царот Урош, цар Лазар, кралот Милутин и Стефан Дечански, и кои според СПОНА биле преименувани во Свети Цар Владимир Киевски, Свети Цар Јован Милостиви, Свети Констатин Велики и Свети Никифор Фока, како и на ликовите на Свети Никодим и Стефан Првовенчани на северниот ѕид, кај кои биле ставени имињата на Свети Константин Кавасила и Свети Јустинијан Први.

Коментар(1)

  1. Ne e nestrucno i amaetski , tuku zlobno i tendeciozno intervenisano, pokvareno i so izvitoperena svest na toj kumanovski, susnost bugarski kadrovik vmetmat vo taa taa MPC na cie sto celo se luge so niska religiozna i crkovna svest

Напиши одговор на Svetislav Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *