Почетна Вести Христијанство Министерот Спасовски на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј
Министерот Спасовски на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Министерот Спасовски на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

754
0

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски денеска бил на средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во седиштето на Цариградската патријаршија во Фанер.

Веста за средбата на Спасовски со Вартоломеј ја објави, грчкиот интернет порта Ромфеа, објавувајќи и фотографија од официјалниот фотограф на Вселенската патријаршија.

Во кратката вест пишува дека министерот Спасовски бил дочекан со почести и срдечност од Светиот Патријарх Вартоломеј.

Вартоломеј минатиот месец двапати потврди дека ќе се заложи за решавање на црковното прашање во Македонија, откако претходно ги прифати барањето на Владата и на САС на МПЦ-ОА, за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

/Религија.мк

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *