Почетна Вести Милошевиќ: Путин ја организира средбата меѓу Папата и Патријархот Кирил
Милошевиќ: Путин ја организира средбата меѓу Папата и Патријархот Кирил

Милошевиќ: Путин ја организира средбата меѓу Папата и Патријархот Кирил

179
0

Докторот по социолошки науки на Институтот за политички студии во Белград, Зоран Милошевиќ, оценува дека Рускиот претседател, Владимир Путин е оној што ја подготвил средбата помеѓу Рускиот патријарх Кирил и Папата Франциск, која на 12 февруари треба да се случи во Куба.

Ватикан, првпат, со согласност од Пекинг, именуваше тројца бискупи Kинези, што е вовед во воспоставувањето дипломатски односи, кои се очекуваат оваа година, додека посетата на папата на Kина се очекува да се случи кон крајот на оваа или почетокот на следната година. Истиот образец ќе се примени и во овој случај. Папата Франциск на Kуба најверојатно ќе го прецизира датумот на посета на Москва која би требало да биде организирана следната година. Иако е најавено дека прашањето со прогонот на христијаните ќе биде централна точка на состанокот на Kуба, сепак двајцата поглавари досега се немаат сретнато, меѓу другото, и поради едно многу болно прашање за христијанството – појавата на унијатите. Тоа се православни верници што го признале приматот на папата. Тие се најбројни и најсилни во Украина, каде што ги има околу 4,5 милиони. Тие се присутни и во политиката и во јавното мислење, а беа ударна тупаница на револуцијата на Мајдан во 2014 година. Во Втората светска војна се бореле на страната на нацистичките одреди. Денешниот украински Десен сектор потекнува од подрачјето Галиција, каде што унијатите се најбројни. Токму решавањето на унијатското прашање е услов на Руската православна црква папата да ја посети Москва. Ако тоа прашање се реши, тоа ќе биде неверојатен успех на патријархот Kирил, кој може да се карактеризира како историски, изјавил за „Спутник“, политикологот Милошевиќ.

Според него друга тема на состанокот ќе биде и враќањето на најмалку 30 православни цркви во Украина кои се преземени од расколниците и унијатите.

-Двајцата поглавари неминовно ќе разговараат и за економското прашање на единството на христијаните, како и за положбата на христијаните на Блискиот Исток. Некои од земјите кои ја основаа групата БРИKС се борат против глобализација и за повеќе поларен свет, имаат мнозинско католичко население, а имаат извонредни дипломатски, политички и економски меѓусебни односи. Таа соработка даде значајни резултати, пред се во отпорот против западната глобализација или во борбата за традиционални христијански вредности. Така, рускиот Претседател се оддолжува затоа што тој свет им помагал на Русија и правдата на глобално ниво, сега да биде место на историскиот состанок меѓу Патријархот и Папата, потенцира белградскиот доктор по социолошки и политички науки,  Зоран Милошевиќ.

Тој потенцира дека сепак, во секој случај, многу работи ќе бидат појасни по средбата.

-Ако се појави вест дека папата Франциск ќе ја посети Москва во 2017 година, како што е најавено во некои римокатолички медиуми, тоа ќе биде сигурен знак дека некои прашања, кои се особено важни за православната цивилизација, се решени, смета  Милошевиќ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *