Почетна Вести Милениумскиот крст го издржа невремето над 100 грома удриле во него
Милениумскиот крст го издржа невремето над 100 грома удриле во него

Милениумскиот крст го издржа невремето над 100 грома удриле во него

527
0

Милениумскиот крст прифатил над 100 громови во текот на невремето. Громобранската заштита на крстот е дизајнирана така што може да прими од 2 до 3.000 удари од гром, истакнуваат од ЈСП Скопје, кои стопанисуваат со Милениумскиот крст.

Mileniumski_Krst_028Громобраните на крстот од удари на гром го штитат и просторот околу него во радиус од стотина метри, па посетителите не мора да се грижат ако застанат покрај крстот на врвот на Водно, на висина од 1.165 метри кога ќе фати невреме.

Крстот на Водно е висок 78 метри, и се смета за еден од најголемтие во светот. Од кога е изграден, на преминот меѓу двата милениуми, стана незаобиколна туристичка дестинација како за Македонците, така и за странските туристи кои доаѓаат во македонската престолнина.

До него може да се стигне со Жичарницата долга 3 километри, или пешки по планинските патеки. Може и со автомобил, но таа привилегија ја имаат само странски делегација и високи црковни лица во текот на верските празници, кога посетата на Крстот е најмасовна.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *