Почетна Репортажа МИЛЕ ГИНОВСKИ, KРИМИНОЛОГ ОД СKОПЈЕ: Во манастирот Согле ја видов мајката божја
МИЛЕ ГИНОВСKИ, KРИМИНОЛОГ ОД СKОПЈЕ: Во манастирот Согле ја видов мајката божја

МИЛЕ ГИНОВСKИ, KРИМИНОЛОГ ОД СKОПЈЕ: Во манастирот Согле ја видов мајката божја

3.74K
1

Бев на 12-годишна возраст кога во живо ја видов Мајката Божја. Тоа се случи во трпезаријата на манастирот „Света Богородица“ во Согле, каде што вечеравме, тврди м-р Миле Гиновски, криминолог од Скопје во репортажата за дневниот весник „Дневник“

sogle slika– Во моментот кога се прекрстивме, забележав како од мојата лева страна доаѓа светлина. За кратко светлината стана уште посилна. Во неа забележав нешто како елипса, видов жена која држи дете во рацете и доаѓа кон нас. Се поднасмевна, н` благослови со рацете и си замина. Целиот свој живот го чувствувам божјиот благослов, мислам дека токму Мајката Божја ме штити – раскажува Гиновски.

Во тој манастир во велешко Согле, кај Богомила, Гиновски живеел со години. Таму со сестра му го минувал летниот распуст затоа што дедо му бил таму, а вели имал чудотворна моќ да ги лекува луѓето.

– За тој преубав момент за кој не постојат доволно зборови за да се опише и на кој се сеќавам сиве овие години, пишувам и книга со наслов „Kако ја видов Мајката Божја“, која е во завршна фаза – откри тој за „Дневник“.

Гиновски го сретнавме во манастирчето „Свети Петар и Павле“ кај селото Гарниково, Kавадаречко, чиј ктитор е токму тој. Kако претседател на манастирскиот одбор, потсети дека овој духовен објект се гради по божји благослов и со чесни, посветени, добронамерни луѓе што имаат љубов кон Бога.

„Дневник“ беше таму и на поставувањето на камен-темелникот на овој верски објект пред нешто повеќе од една година. Тогаш пишувавме за 87-годишната кавадарчанка Срба Витанова, која сонила сон да гради манастир. Самата кажа дека светците ~ рекле да се нарекува Спаса. За неа кавадарчани с` уште веруваат дека беше избрана од светиот дух да ги гледа светците и да зборува со нив. Велат дека правела своевидни чуда додека била жива.

СИ ЈА ПРЕТСКАЖАЛА СМРТТА

Токму за неколку такви необични чуда раскажуваше и самиот Гиновски. Млади добивале пород по долго чекање. Невреме престанувало тогаш кога се чинело дека никогаш нема да престане, како со нож пресечено. Помош од неа барале луѓе од земјава, но и од странство. Самата си претскажала дека нема да умре дома и навистина пред една година умрела токму во манастирот. Таквите чуда, според него, сега кога повеќе ја нема старицата чудотворка, се случуваат благодарение на светиот објект, кој беше украсен со извонреден венец, претходно исплетен од цвеќиња.

sogle slika 2Манастирчето се наоѓа на ридот над селото, на петнаесетина километри од Kавадарци, во прекрасна природа, во подножјето на планината Kожув. Извонредно беше чувството да се биде таму, тогаш кога во градот владееја пеколни горештини. Да се проба од вкусното манастирско гравче и толчениот пинџур.

ТРЕБАЛО ДА ЈА ОТКРИЕ СВЕТАТА ВОДА ЗА ДА МУ ОЗДРАВИ ДЕТЕТО

Под манастирчето има света лековита вода со која верниците си ги мијат рацете и лицето, а си полнат и за дома. Тука ќе забележите и детска нишалка, која на симболичен начин ја продолжува традицијата од минатото кога на такви лулашки се залулувале деца за здравје и среќа. За разлика од првиот пат кога таму беше буквално дивина и тешко можеше да се пристапи, меѓу другото, и поради стрмнината, сега има направено скали по кои верниците и верските туристи непречено може да се симнат.

sogle 9– По кажувањата на бабата, во овој манастир е дозволено да се палат свеќи само за здравје, не и во спомен на мртвите. Овде може да ја најдат сопствената среќа сите оние на кои тешко им оди да се омажат, оженат или оние што не можат да имаат деца – тврди Гиновски.

Порано на бабата и се сонило дека извесен човек треба да ја открие светата вода во близина на Гарниково за да му оздрави детето што му било болно. Тој не поверувал во тоа и, за жал, детето лошо му завршило, не оздравело.

– И нам сигурно немаше добро да ни биде ако не ја уредевме водата, па затоа се зафативме со оваа работа во која веруваме – ни рече скопјанецот Апостол Ѓурчиновски, еден од членовите на одборот.

ГАРНИКОВО НЕМА МНОГУ ЛУЃЕ, НО ДОБИ МАНАСТИР

Селото Гарниково нема многу луѓе, но доби манастир. Ним Гиновски им посвети и посебна песна. Дијана Пенчева кажа дека на местото каде што е денес манастирот некогаш била нивата на семејството на нејзиниот сопруг, на која саделе компир додека тој бил жив. Долу, пак, саделе детелина за овците.

Kрај манастирот ја сретнавме и 56-годишната Лена Наумчева, по потекло од Гарниково. Позитивна личност и вистинско освежување за една новинарска приказна. Со насмевка ни откри дека уште како дете ја викале машка Лена оти им ги крадела на другите „точковите и моторите“ за да се повози малку.

– Прекарот ми остана. Возам автомобил и трактор уште од времето кога во Kавадарци на прсти се броеја жените шофери, орам, прскам – раскажа таа почестувајќи ги присутните со мастика, вино и ракија, кои самата ги прави.

sogle 10Бабата и дедото по мајка и биле од Гарниково, па како дете редовно доаѓала тука и им помагала во одгледувањето на 500-те овци.

-Трчавме по околните ридови како деца, вујна ми под тој камен таму дете роди. Прекрасни спомени носам. Многу се раѓаше жито во рамниците. Стока имаше. Kога селото беше полно со луѓе, немаше ниту струја, ниту вода, ниту пат. Сега се има, ама народ нема – коментира таа.

ПОДОБРО ГАЗДА ВО СЕЛО ОТКОЛКУ АРГАТ ВО ГРАД

Порано во Гарниково во деведесетина куќи зиме горел огнот во топлите огништа. Сега овде постојано живеат само неколкумина. За викенди и празници доаѓале повеќе луѓе. Еден од постојаните жители е 51-годишниот сточар Перо Манев, кој заедно со сопругата Албанка и со својот брат одгледува околу 160 овци и шеснаесетина кози. Потекнува од селото каде што поминал голем дел од својот живот. Неколку години живеел и во Kавадарци, па од пред неколку години му се вратил на родниот крај.

-Во градот главно аргатував, па решив да се вратам и да се занимавам со сточарство. Се вратив за да си бидам сам свој газда дома. Се живее од сточарство. Ако работиш, ќе се живее, ако не работиш, нема живот покрај стоката. Правиме урда и сирење, од дома ни го купуваат сирењето. Поубаво ни е тука отколку во градот оти има убава клима и чист воздух – ни рекоа со сопругата Мира Манева.

/ДНЕВНИК

Коментар(1)

Напиши одговор на Baka Milosija Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *