Почетна Вера Католичка црква Мицкоски: Велигден ни дава голема радост и надеж
Мицкоски: Велигден ни дава голема радост и надеж

Мицкоски: Велигден ни дава голема радост и надеж

111
0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати честитка до сите верници кои го празнуваат  Велигден по григоријанскиот календар.

-На најсветлиот и најголемиот христијански празник да Ви посакам мигови на радост, спокој и љубов во секој дом. На денот кога ја славиме победата на животот над смртта да се потсетиме дека само со верба во себе и почит кон другите, ќе успееме да се избориме со сите предизвици и да изградиме просперитетна иднина на нашата држава. Велигден ни дава голема радост и надеж, не поттикнува да ги надминеме поделбите, да создаваме добри дела и да се почитуваме еден со друг. Само сложни и обединети во овие празнични денови можеме да се избориме за подобра иднина и успех на сите нас. Воскресението Христово е празник на семејството и ближните и затоа ви посакувам да го минете во мир, здравје и хармонија.

Нека е за многу години големиот празник! Христос воскресна! Навистина воскресна“ се вели во честитката на Мицкоски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *