Почетна Вера ИВЗ Мицкоски: Курбан Бајрам е потсетник дека потребно е заедништво за да се надминат тешките моменти
Мицкоски: Курбан Бајрам е потсетник дека потребно е заедништво за да се надминат тешките моменти
0

Мицкоски: Курбан Бајрам е потсетник дека потребно е заедништво за да се надминат тешките моменти

66
0

Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, до верниците од исламска вероисповед упати честитка по повод празникот Курбан Бајрам.

Во неа тој истакнува дека овој празник ги потенцира човечките вредности и учи на солидарност, хуманост и заедништво.

„Република Македонија има вековна традиција на соживот, толеранција и помагање помеѓу различните верски групи. Тоа се вредностите кои ние мора да им ги пренесеме и оставиме на идните генерации, бидејќи само така ќе продолжиме да градиме благосостојба, но и напредок во нашето општество“, пишува Мицкоски во честитката.

Покрај тоа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека нашата држава се соочува со тешки моменти и предизвици кои, како што вели, сите граѓани подеднакво ги чувствуваат.

„Наместо проекти кои ќе го подобрат животот и стандардот на граѓаните, секојдневно гледаме криминал, корупција, понижување и погазување на достоинството на секој еден граѓанин на Република Македонија“, додава Мицкоски истакнувајќи дека токму затоа неопходна е меѓусебна почит и помош.

„Заеднички и обединети да упатиме порака дека потребно е создавање на праведна држава која подеднакво ќе ги почитува своите граѓани и ќе креира можности за напредок за доброто на нас и на нашите идни генерации“, повикува партискиот лидер.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *