Почетна Вера Католичка црква Мицкоски го честита Божиќ на сите верници од католичка вероисповед
Мицкоски го честита Божиќ на сите верници од католичка вероисповед

Мицкоски го честита Божиќ на сите верници од католичка вероисповед

82
0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до скопскиот бискуп и Апостолски егзарх д-р Киро Стојанов и до сите верници од католичка вероисповед во земјава упатува честитка за големиот Христијански празник – Божиќ на сите верници кои го слават според Грегоријанскиот календар.

– Христовото раѓање е нова надеж за светот, тој донесе светлина и иднина. Овој голем празник нека донесе мир, спокој и радост во Вашите домови, се вели во честитката.

Оваа година, се наведува во честитката, Божиќ го празнуваме во посебни услови.

– Пандемијата кој го обзема светот е се уште присутна. Во овие тешки моменти за човештвото воопшто да се потсетиме и да ги применуваме Христијанските вредности, како толеранцијата, искреноста, љубовта кон ближниот, да си подадеме рака и заедно да ги пребродиме искушенијата. Но пред се да знаеме дека преку вербата се пребродуваат и најтешките искушенија. Нека Христос ни го осветли патот и ни го покаже правецот. Христос се роди! Среќен Божиќ!, стои во честитката.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *