Почетна Вера МПЦ-ОА Мицкоски: Да бидеме задоволни од тоа што го правиме и да си ја сакаме татковината

Мицкоски: Да бидеме задоволни од тоа што го правиме и да си ја сакаме татковината

53
0

Во црквата Св. Петар и Павле во скопската населба Ѓорче Петров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дојде да ја слушне радосната вест за воскресението заедно со неговата сопруга и со верниците. Како што изјави за екипата на 1ТВ, обично го прославува Велигден пред Соборниот храм во Скопје или во некој од другите градови доколку таму го носат обврските.

Неговото семејство го празнува Велигден традиционално, на семеен ручек, со сопругата, двајцата синови и родителите, додека вечерва пред црквата, заедно со верниците, разговараат и разменуваат мислења, но не зборуваат за политичката ситуација, туку се фокусираат на празникот.

-Го испочитував големиот 40-дневен пост, тешко беше со кампања, но кога се сака, ништо не е тешко. Секоја година го постам велигденскиот пост, исто и годинава, издржавме, можеби е прегрубо да кажам издржавме, затоа што ова го правиме затоа што сакаме и така сме решиле. Годините наназад кај мене тоа е пракса, а традиција е и во семејството. Кога се сака, ништо не е тешко, иако годинава беше малку понапорно поради кампањата за претседателските избори, но веќе сме при крај, изјави Мицкоски.

Вели дека се труди да ги почитува големите православни празници, но ги почитува и празниците на сограѓаните од муслиманската, католичката и други вероисповести, но не секогаш успева да најде време за семејството поради партиските ангажмани.

-Им го честитам овој голем празник на граѓаните, многу здравје, среќа и успеси за нив и за нивните семејства, да ни биде среќна годината што ни доаѓа, да бидат пред се задоволни од тоа што го прават и да си ја сакаме татковината Р. Македонија, рече Мицкоски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *