Почетна Вера МПЦ-ОА Методија Петрески нов чтец во Преспанско-пелагониската епархија
ppp 2
ppp 3
ppp 4
ppp 5
ppp 6
ppp 7
ppp 8
ppp 9
ppp 1

Методија Петрески нов чтец во Преспанско-пелагониската епархија

847
0

Методија Петрески е новиот чтец во Преспанско-пелагониската епархија. Надлежниот архиереј, Владиката Петар го ракоположил вчера на празникот Благовештение на Пресвета Богородица, во храмот Свето Благовештение во Прилеп, за време на Светата Божествена Василиева Литургија, во сослушение на протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов и Благоја Станкоски, протоереите Илчо Смилески, Роберт Илиески и протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски.

Чтец е чин во црковната хиерархија, кој има улога да ги чита лекциите од Стариот завет и епистоларните посланија за време на божествената литургија, како и да ги пее псалмите и антифоните. Чтецот има право да носи стихар за време на богослужбите и да помага за време на архијерејските боголужби, ги подава трикирите и дикирите, го принесува леѓенот и ибрикот при миењето на архијерејот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *