Почетна Вести Европа МекАлис: Католичката црква e еден од последните бастиони на мизагонијата
МекАлис: Католичката црква e еден од последните бастиони на мизагонијата

МекАлис: Католичката црква e еден од последните бастиони на мизагонијата

42
0

Католичката црква мора да ги вклучи жените во донесувањето на своите одлуки, во спротивно ризикува да биде напуштена, посебно од младите жени, предупреди Мрежата на католички жени, која беше принудена својата традиционална годишна конференција по повод Денот на жените да го прослави надвор од Ватикан.

Последните четири години Конференцијата „Гласови на верата“ се одржуваше на 8 март во ренесансната палата во Ватиканските градини. Но, годинава конзервативниот американски кардинал Кевин Фарел, префект на Конгрегацијата за лаици, семејство и живот одлучи од листата на 11 говорници да прецрта три имиња на активистки за ЛГБТ правата, меѓу кои и поранешната ирска претседателка Мери МекАлис.

Организаторките на Конференцијата не сакајќи Ватикан да им го диктира списокот на гости, настанот ќе се одржи во римското седиште на Исусовата дружина, редот на кој припаѓа папата Франциско.

– Католичката црква е еден од последните големи бастиони на мизагонијата – изјави МекАлис, која ќе ја отвори годинешната конференција.

Една од организаторките на конференцијата Шантал Гоез наведе се поголем број млади, талентирани, образовани жени заминуваат од Католичката црква.

– Нужно е жените да се вклучлат во црквата, тоа е и наша црква – посочи Гоез.

МекАлис, чиј син е хомосексуалец веќе 40 години се залага за правата на припадниците на ЛГБТ заедницата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *