Почетна Вести Меѓународен волонтерски камп на Еврејските гробишта во Битола
Меѓународен волонтерски камп на Еврејските гробишта во Битола

Меѓународен волонтерски камп на Еврејските гробишта во Битола

73
0

Волонтери од Германија, Русија, САД и Македонија од 1 до 10 август ќе учествуваат на меѓународен камп кој ќе се одржи на Еврејските гробишта во Битола.

Младите истражувачи, археолози, историчари и конзерватори ќе ги координира Ханс Ханс Шолц  свештеник на Протестантската црква во Баден од Германија, кои десет денови ќе работаат на Еврејските гробишта во Битола.

evrejski grobista 4– Учеството на Меѓународниот волонтерски камп го потврдија 30 младинци од Германија, 5 од Русија, 7 од САД и 30 од Македонија, или 70-на млади луѓе кои имаат желба ќе ја покажат својата добра волја и хуманост во меѓународниот камп. Се радуваме што ќе бидеме во Битола и Македонија. Нашата желба за поврзување на христијанските народи е голема, но исто така важна е и желбата да се потврди недвосмислената почит на Еврејскиот народ . Со отворени срца ќе пулсираме десет дена во Битола, истакна Шолц за време на денешниот престој во овој град.

Како што е познато на иницијатива на здружението на граѓани „Архам“-Битола и со поддршка на амбасадата на државата Израел во Република Македонија, пролетоска на Еврејските гробишта во Битола почна реконструкцијата на тоа спомен обележје и досега откриени се над 1.000 надгробни плочи и дешифирани најразлични пораки и епитафи.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *