Почетна Вести Регион Медиумите во регионот и во Македонија го „умреа“ Митрополитот Амфилохије
Медиумите во регионот и во Македонија го „умреа“ Митрополитот Амфилохије

Медиумите во регионот и во Македонија го „умреа“ Митрополитот Амфилохије

960
2

Голем дел од медиумие во регионот, претежно интернет портали, меѓу кои и македонски медиуми, кои за себе тврдат дека се професионални, вечерва пренесуваат лажна вест со која го „умреа“ црногорско-приморскиот митрополит г. Амфилохије.

Веста тргна од некои цркогорски медиуми, повикувајќи се на „свои извори“, но подоцна се рашири, без каква било проверка и од некои македонски медиуми.

Дел од српските медиуми кои ја пренесоа веста, како новости.рс се извинија.

Веста мораше да ја демантира и Митрополијата со која раководи г. Амфилохије, посочувајќи дека неговата здравствена состојба не е променета од утрово, кога поради коронавирусот имал отежнато дишење.

-Состојбата на Митрополитот не е променета од утрово и тој не е приклучен на респиратор, туку користи кислордона поддршка. Неговата здравствена состојба се влоши поради воспаление на белите дробови. Сепак, веруваме дека митрополитот е силен и ќе го надмина ова. Нашите мисли се со него и се молиме за него, велат од митрополијата.

Амфилохије како позитивен на Ковид 19 беше евидентиран на 6 октомври. Има 82 и со тоа спаѓа во ризична група.

Коментар(2)

  1. Da go prifatese Niskiot dogovor do sega MPC ce stanese avtpkefalna i ne ce morase nitu da ja moli Bugarskaa crkva da i bide cerka. nitu da nasednuva ns lagite na fanariotot Vartolomej

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *