Почетна Вести Свет Масовни протести во Индија по изгласувањето на законот за државјанство против муслиманите
Масовни протести во Индија по изгласувањето на законот за државјанство против муслиманите

Масовни протести во Индија по изгласувањето на законот за државјанство против муслиманите

143
0

Индискиот парламент донесе закон со кој се дозволува државјанство на имигранти од три соседни држави, но не доколку се  муслимани.

Контроверзниот закон за државјанство ќе ги забрза процедурите за добивање државјанство за верските малцинства, вклучувајќи Хиндуси, Будисти, Џаинисти и христијани од Авганистан, Бангладеш и Пакистан. Но, тој не се однесува на муслиманите.

Опозицијата тврди дека законот е противуставен бидејќи се заснова на идејата за државјанство врз верата на поединецот и дополнително ќе ја маргинализира муслиманската заедница, која брои околу 200 милиони луѓе во Индија.

Но, владата предводена од хинду-националистичката партија Бахатија Џаната верува дека законот предвидува заштита на верските малцинства протерани од нивните татковини.

Донесувањето на законот предизвика масовни протести низ целата земја.

Откако беше изгласан во два дома на парламентот, законот мора сега да го потпише претседателот.

„Без претерување, мислам дека ова е најопасниот закон што сме го имале досега затоа што се заканува да го уништи ликот на индиската држава и неговата уставност“, изјави Харш Мандер, индиски активист за човекови права. Тој додаде и дека уставот на Индија се заснова на секуларните вредности. Критичарите на законот исто така тврдат дека ова е уште еден пример на хинду-национализам од страна на премиерот Нарендра Моди, кој има за цел да се наметне на секуларната Индија, земја со 1,3 милијарди луѓе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *