Синоќа се одржа протест пред црногорската амбасада во Белград, поради немањето реакции на српското државно раководство за усвојувањето на контроверзниот закон за верските слободи во Црна Гора
Протестот беше официјално организиран од Студентскиот клуб на Правниот факултет, а на него беше побарано да се прогласи црногорскиот амбасадор во Србија Тарзан Милошевиќ за непожелно лице и да се врати во Подгорица. Демонстрантите, исто така, побараа отстранување на 40 црногорски дипломати од заедничките дипломатски мисии и конзуларни претставништва низ целиот свет, и да биде побарана седница на Советот за безбедност на ООН поради усвојувањето на овој закон.
Собраните извикуваа пароли, меѓу кои „Црна Гора и Србија се едно семејство“ и „Нема поделба за Косово“, „Мило, Шиптар, не ви ги даваме светите места“.
Професорот на Правниот факултет во Косовска Митровица Дејан Мировиќ рече дека режимот на Александар Вучиќ во Србија е „помлад партнер“ на црногорскиот шеф на државата Мило Ѓукановиќ, додека се слушаа навредливи извици на штета на српскиот претседател.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ вечерва изјави за Радио-телевизија Србија дека Србија не се меша во внатрешните работи на Црна Гора, но е заинтересирана за правата на српскиот народ, велејќи дека усвојувањето на контроверзниот закон за верска слобода во Црна Гора е „најлошиот момент“ меѓу српскиот и црногорскиот народ.
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, според Дачиќ, игра на картата на анти-српската политика, за кое Дачиќ смета дека е „длабоко погрешна “.
Претседателот на Коалицијата на Народната партија (НС),Вук Јеремиќ, изјави денеска дека срамното молчење на ,,режимот на Александар Вучиќ“ околу усвојувањето на црногорскиот акт за слобода на религија “потсетува на тишината на режимот на Слободан Милошевиќ во август 1995 година, кога Србите беа протерани од Хрватска “.